Македонија
Видео: Силна меѓународна поддршка за Планот за живот во Македонија
Планот за живот на СДСМ доби голема поддршка од европратеници, лидери на пратенички групи во Европскиот парламент, како и од министри во европски земји.
Тања Фајон европратеничка, Андреас Шидер лидер на социјал-демократите во австрискиот парламент, Ан Линд министерка за европски прашања и трговија во Владата на Шведска, Јули Миновес – Трикел, претседател на Либералната интернационала се дел од европските политичари кои ја дадоа својата поддршка за Планот за живот во Македонија.
„СДСМ ја води борбата за демократија, човекови права и владеење на правотои овие избори на 11 декември ќе бидат токму за овие прашања“, порача министерската за европски прашања и трговија на Шведска, Ан Линд.
„Го поддржувам СДСМ и Планот за живот во Македонија. Вие заслужувате достоинствен живот како и сите граѓани на Европа. Имате право на животен стандард кој ќе ви овозможи да се чувствувате безбедни и спокојни“, истакна европратеничката Тања Фајон.
„Вашиот глас ќе биде глас за да се ослободат демократските институции, општествоот, судството, медиумите и администрацијата, од рацете на политичките партии“, повика Џани Питела Лидер на социјал-демократите во Европскиотпарламент
„На 11 декември се работи за живот во Македонија. Се работи за слобода, за вработување, за слобода на говор“, порача Ханс Ваан Бален европратеник.
„Ние веруваме во Македонија која е отворена и која е демократска. Во Македонија која е целосно дел од Европа“, порача Јули Миновес – Тринкел.
„На Европа и е потребна демократска Македонија, на Европа и е потребна Македонија која е водена од социјал-демократска партија“, повика Јанс Нилсен, пратеник во Европскиот парламент.
„Граѓани на Македонија, гласајте за живот во Македонија“ е заедничкиот повик на политичари и дипломати од пријателски држави во Европа, кој го упатија во престрет на предвремените парламентарни избори закажни за 11 декември./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

