Економија
Broadstone Security во Македонија ќе произведува оружје за НАТО Алијансата

Американската компанија Broadstone Security со инвестиција од пет милиони долари во Македонски Брод ќе отвори фабрика каде што ќе се произведуваат муниција и лично вооружување според стандардите на НАТО, наменети за земјите членки на Алијансата. Се очекува фабриката да биде оперативна до мај следната година, а почетното производство да започне во јули 2017-та година.
„Тука сме со нашите пријатели со кои делиме визија и стремеж за производство на најточна муниција, како и иновативно и квалитетно оружје за нашата војска, полиција и лични корисници. Задоволни сме што влегуваме во македонската одбранбена индустрија и со нетрпение ја очекуваме можноста за соработка со македонските лидери”, изјави основачот и извршен директор на Broadstone Security, Денис Прат.
Според министерот за одбрана Зоран Јолевски, инвестицијата има повеќе значења, а покрај отворањето на нови работни места, ова ќе биде и чекор напред во зајакнувањето на борбената готовноста на АРМ. “Еден од проектите за модернизација на АРМ е конверзија на личното наоружување на АРМ со она на НАТО членките. САД ќе го финансираат проектот, значи со оваа инвестиција ќе имаме производител територијата на Македонија за муниција која во иднина ќе ја користи АРМ”, рече Јолевски.
Според него, инвестицијата исто така ќе придонесе и за македонските евроатлански интеграции. Проектот го поздрави и генералот Џим Џонс, поранешен советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама.
“Додека бев во НАТО, Алијансата се прошири од 19 на 23 членки. Ние ја поставивме и сцената за прием на нови членки на Алијансата, а се надевам дека ќе бидам таму и кога Македонија ќе стане полноправна членка. Но додека го чекаме тој ден, сметам дека ова што Македонија го прави овде е многу важно. Сето тоа е важно за способностите за Македонија и економскиот просперитет, како и за професионализмот на АРМ. Истовремено ова ќе придонесе и за виталноста и кредибилноста на НАТО како една голема меѓународна организација”, рече Џонс.
Фабриката на жителите од Македонски Брод ќе им донесе 200 вработувања, а американската компанија одлуката за инвестирање во земјава ја донела откако разгледала и можности во Србија и Романија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„СДС и Николовски се тие кои ги оставија земјоделците на цедило со неисплатени субвенции“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС продолжува да лаже и манипулира. Ниту откупната цена на пиперка е 20 денари по килограм, ниту откупот е запрен. Динамиката за откуп на индустриската пиперка-ајварка се одвива непречено и во согласност со договорените услови со производителите, откупувачите и преработувачите“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
„Во договор со сите заинтересирани страни утврдено е откупот на пиперката да се одвива со одбитоци не поголеми од 3%, а откупната цена да не биде пониска од 25 денари за килограм пиперка откупена на рефус.
Согласно договореното целата произведена пиперка ќе биде откупена и тоа добро го знаат земјоделците. Само СДС бара тема и причина да создава паника кај населението, во случајот земјоделците.
Земјоделците многу добро се сеќаваат на периодот на власт на СДС, кога родот на земјоделците завршуваше на буниште, наместо во откупни центри по јасно утврдени правила.
Земјоделците, исто така, паметат и кој ги остави без субвенции, така што со преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води Владата, наследи долг од милијарда денари неисплатени субвенции.
А, за период од година и половина, актуелната влада исплати околу 11 милијарди денари за заостанати и тековни субвенции на околу 70 илјади земјоделци.
Ако некој земјоделството го клекна на колена и земјоделците ги остави на цедило, тоа се токму СДС со нивниот министер, Љупчо Николовски, кој наместо со нив на нивите, шеташе по белиот свет на државен трошок.
Министерството активно ја следи ситуацијата на терен и владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е партнер и ги штити интересите на земјоделците“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
СДСМ: Целосен дебакл со откупот на пиперката, ВМРО-ДПМНЕ ги остави земјоделците на цедило

„Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари“, соопшти СДСМ.
„Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, не знаат што да прават со родот кој со месеци го произведуваа со трошоци и труд, а државата не презема мерки да им помогне.
Дополнителен удар за земјоделците е фактот што субвенциите за пиперката од минатата година сè уште не се исплатени. Ова е јасен доказ за целосниот хаос и неспособност во земјоделската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ предупредува дека ова е една од најтешките години за земјоделството, а владата нема ниту план, ниту организација, ниту волја да им помогне на земјоделците. Ако продолжи оваа незаинтересираност, наредната година Македонија ќе се соочи со рекордно ниско производство и со сериозни економски последици.
Лошата организација на откупот и изостанокот на финансиска поддршка кон стратешки извозно ориентираните култури, како што се пиперката, доматот, праската и јаболкото, веќе создаваат големи загуби.
СДСМ бара Владата веднаш да преземе мерки, да воспостави јасна динамика на откуп, да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за предадената пиперка и итно да ги исплати заостанатите субвенции“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Економија
Николоски: За автопатот Кичево-Букојчани ќе избереме изведувач овој месец, изградбата започнува веднаш согласно временските услови

Овој месец, почетокот на следниот месец ќе биде избран Изведувач за изградба на автопатот Кичево -Букојчани и доколку дозволат временските услови веднаш ќе се започне со изградба, најави денеска од Кичево, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
„До среда е рок за достава на понуди на автопатот Кичево Букојчани. Тој го работиме заедно со ЕБОР. Вредноста е проценета на околу 123 милиони евра, истите ги имаме обезбедено во соработка со ЕБОР а 20 % се грант средства. Очекувам до крај на овој месец, почетокот на следниот месец да имаме избрано Изведувач и доколку не послужат временските услови, а доколку не, со почетокот на следна градежна сезона во март да почнеме со изградба и на овој автопат кој што очекувам во период од 3 години да се заврши. Дополнително на тоа е најголемиот инженерски потфат, а тоа е изградбата на автопатот од Букојчани до Гостивар или популарната Стража. Од 33 км колку се проектирани, 17км се пробиени. Од март ќе се пробиваат и другите километри и првпат ќе видиме автопат да се гради од двете страни и очекувам до 2028 година и тој автопат да биде завршен што значи дека до крај на 2028 година Кичево ќе биде средиште на автопатското поврзување на Коридор 8, што значи дека по автопатско решение ќе се патува и кон соседна Србија, соседна Албанија и Грција” – истакна Николоски.
Тој најави дека до пролет и тунелите на автопатот Кичево-Охрид ќе бидат пуштени за сообраќај.
„Таму имаме 16 проблематични косини, на две од нив се работи од страната на Кичево, а за останатите проектирањето завршува на 1 ноември. До пролет очекувам и тунелите да бидат пуштени во употреба, а останите делови на автопатот да се пуштаат сукцесивно” – изјави вицепремиерот Нколоски.