Европа
Русија ги повикува САД да се откажат од ракетниот систем во Европа

Русија во петокот го повтори повикот до САД да се откажат од плановите за поставување делови од системот за заштита од проектили во Европа, откако Иран го постигна нуклеарниот договор со светските сили, што за Вашингтон беше изговорот за антиракетниот штит кој европските сојузници требаше да ги заштитува од потенцијалните ирански закани.
Русија од почетокот се противи на поставување на споменатиот ракетен систем на нејзините граници во Европа, и го гледа како закана за својата безбедност, и најави дека ќе преземе реципрочни мерки, односно дека областите во коишто ќе бидат инсталирани деловите од тој систем ќе бидат легитимни цели на нејзините стратешки ракетни сили. САД, пак, повеќепати одговараа дека системот е дизајниран како одбрана од „одметнатите“ држави, како на пример Иран обвинет дека развива нуклеарно оружје и дека не е насочен против Русија.
Откако во јули годинава беше потпишан договорот на шесте светски сили со кој Техеран се обврза и ќе биде ставена под редовна контрола неговата нуклеарна програма во замена за укинување на децениските санкции, Москва ја зајакна својата реторика против американскиот ткн антиракетен штит во Европа, тврдејќи дека тој повеќе нема цел.
„Не гледаме ниедна причина да се продолжи со таа програма, а особено со забрзано темпо и со очигледна насоченост против рускиот стратешки потенцијал“, изјави во петокот заменикот руски министер за одбрана, Сергеј Рјабаков, кого го цитира агенцијата РИА и притоа ги потенцира засилените воени активности на руските граници во коишто учествуваат американските војски.
Најновата ескалација на спротиставеностите околу ракетниот систем на САД во Европа бездруго дополнително ќе ги влоши односите меѓу Москва и Вашингтон, кои поради конфликтот во Украина се на најниското ниво од завршувањето на блоковската идеолошка Студена војна.
„Мислам дека нема да го чекаме исходот од претседателските избори во САД, а во моментов сфаќањата и признанијата на САД дека прашањата на нуклеарното разоружување, намалувањето во оваа сфера не можат и не треба да се гледаат одделно од целиот комплекс други фактори, коишто влијаат врз стратешката стабилност. Тие фактори стануваат сé поголеми не гледам никаква причина на практичен начин да се постави прашањето за продолжувањето на дијалогот со САД во сферата на контролата над нуклеарното вооружување и натамошните негови намалувања“, додаде Рјабаков.
Според него, оттаму помалку е важно тоа кој ќе биде следниот претседател на САД и како тоа ќе се одрази врз односите меѓу Вашингтон и Москва, туку е поважно дали ќе има промена во ставовите на американската администрација или корекции на ставовите и влијание врз процесите за стратешката стабилност. „Меѓутоа, се сомневам, дека е возможна таква корекција“, истакна Рјабков./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.