Европа
Речиси 400 мигранти ја пробиле мароканско-шпанска граница во Сеута
Речиси 400 мигранти по потекло од субсахарска Африка ја пробиле во петокот високата препрека околу шпанската енклава Сеута во Мароко, што претставува најсериозен ваков упад во последните десет години, соопштија од локалната префектура.
Мигрантите успеале да ја пробијат шест метри високата ограда којашто ја оградува Сеута на две места. Според медиумските извештаи десетици еуфорични имигрант, меѓу кои некои со голи тела или со боси стапала, кои извикуваат „Шпанија!“.
Според министерот за внатрешни работи Хуан Игнасио Зоида, речиси 20 отсто од нив уште не биле локализирани рано утрото.
„Траба да се вратиме на почетокот од 2000-те години за да се достигне оваа бројка“, изјавил портпаролот на префектурата на шпанската енклава во Мароко.
Претходниот масовен влез на имигранти се случи на 31-ви октомври, кога речиси 220 лица влегоа низ двете пристапни порти во Сеута.
Државниот секретар за безбедност Хозе Антонио Нието најави дека лично ќе пристигне во Сеута во петокот попладнето.
Црвениот крст соопшти дека се погрижил за 103 мигранти, од оние кои 25 се преместени во болница поради полесни повреди при упадот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украина нападна клучна рафинерија длабоко во Русија, се шират снимки
Украинските војници наводно нападнале и оштетиле руска рафинерија за нафта во Волгоград преку ноќ, додека експлозии потресле неколку други енергетски објекти низ Русија, објавија руските канали на Телеграм, а напиша и „Киев Индепендент“.
Украинската војска сè уште не го коментирала нападот, а „Киев Индепендент“ не можел независно да ги потврди обвинувањата.
Напад врз клучна рафинерија
Локалните жители пријавиле штета и објавиле фотографии и видеа на социјалните мрежи, наводно прикажувајќи воздушна одбрана во акција.
Иако пожарот не бил веднаш забележан, на ноќното небо биле видени моќни блесоци во правец на рафинеријата. Рафинеријата, управувана од Лукоил, се наоѓа на околу 450 километри од линијата на фронтот и игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.
Drones hit the Lukoil oil refinery in Volgograd
An ammunition depot in the occupied Donetsk region and one of Russia’s largest power plants — the Kostroma GRES — were also attacked. pic.twitter.com/fbuRhLf1e2
— NEXTA (@nexta_tv) November 6, 2025
Фабриката и претходно беше цел на украински напади, принудувајќи ја да го запре производството барем еднаш.
Загинати цивили, оштетени куќи
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, објави дека во нападот се оштетени една станбена зграда и неколку куќи, како и дека едно лице е убиено.
„Цивил, 48-годишен маж, починал од шрапнели од гранатирање“, објави тој на Телеграм. Бочаров, исто така, потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во Красноармејскиот округ во Волгоградската област.
The Lukoil refinery in Volgograd, russia and an oil depot in Simferopol, occupied Crimea also got a visit from good Ukrainian drones. pic.twitter.com/BSNjXLGV1O
— Kvist (@kvistp) November 6, 2025
Во исто време, експлозии одекнаа и во термоцентралата во Волгореченск во регионот Кострома, која се наоѓа на околу 740 километри од украинската граница и североисточно од Москва.
Во окупираниот Крим, беше погодено складиште за нафта во градот Битумне во близина на Симферопол, објави каналот на Телеграм „Кримски ветер“.
Европа
Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“
Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и предизвикаа сериозни безбедносни загрижености.
Летовите на најпрометниот белгиски аеродром во Брисел, беа прекинати со часови во вторник вечерта, а дронови беа забележани и над неколку воени бази, што доведе до откажување на десетици летови и доцнење на стотици патници, објавува „Гардијан“.
Суспензијата на дојдовните и појдовните летови во вторник вечерта резултираше со 95 откажувања на аеродромот во Брисел, а портпаролот потврди дека помеѓу 400 и 500 луѓе ја поминале ноќта на терминалите.
Патниците беа предупредени за можни доцнења во среда бидејќи многу авиони беа заглавени на погрешни локации. Воздушниот простор беше затворен и над аеродромот во Лиеж, голем европски товарен центар, што предизвика дополнителни откажувања и пренасочувања.
Во исто време, градоначалникот на фламанскиот град Дист објави дека полицијата и војниците забележале четири дрона во близина на воената воздухопловна база Шафен. Инцидентите се случија откако белгиските власти веќе започнаа истрага за видувања на дронови над неколку воени бази во текот на викендот, вклучувајќи го и Клајне-Брогел, дом на белгиски борбени авиони Ф-16 и за кој се верува дека складира американско нуклеарно оружје.
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, изјави пред парламентарната комисија дека инцидентите се чини дека се координирани со цел да се предизвикаат нарушувања.
фото: принтскрин

