Црна хроника
Татко пукал во ќерка во Гостивар

Татко пукал кон својата 16 годишна ќерка, при што била ранета во рамото, соопшти полицијата.
Според истиот извор, настанот се случил во петокот вечер во Гостивар, по што 16 годишна девојка била примена со прострелна рана во Медицинскиот центар во Гостивар, од каде била препратена во Клиничкиот центар во Скопје.
По преземените мерки дознаено е дека со повредата се здобила во семејниот дом, а истата и била нанесена од нејзиниот татко М.Ф. (38). По дадена Наредба, бил извршен претрес во домот на М.Ф., каде бил пронајден и со потврда за привремено одземени предмети одземен пиштол „Црвена Застава“ кал.7,62 мм и една рамка со осум куршуми, а исто така пронајден е и друг пиштол „Црвена Застава“ кал.9мм – оружје од кое се сомнева дека е пукано. Увид извршила екипа од ПС-Гостивар.
По целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави. /крај/со/ст
Извор: МВР/фото илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со тврд предмет ги нападнал сопругата и малолетната ќерка: уапсен скопјанец

Синоќа во 20:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 39-годишник од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом, физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка, при што употребил и тврд предмет.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.