Регион
Бројот жртви во нападот во Истанбул се искачи на 38, осомничена PKK

Бројот на смртно настраданите во терористичкиот напад во саботата вечерта во турскиот мегалополис Истанбул се искачи на 38 и 166 ранети, изјави во неделата министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
„Како резултат на нападот, според последните податоци, загинаа 38 луѓе. Од нив 30 се полицајци, седум се цивили, а идентитетот на едно лице уште не е утврден“, изјави турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Ноќта кон неделата Сојлу по пристигнувањето во Истанбул за медиумите изјави дека најверојатно бомбаш самоубиец, покрај експлозијата на автомобил бомба, ја предизвикал една од двете експлозии во близина на стадионот „Водафон арена“ во европскиот дел од Истанбул, чија цел била автобус со полицајци кои го обезбедувале фудбалскиот натпревар меѓу Бешикташ и Бурсаспор..
Министерот, исто така, истакна дека „бројот на приведени под сомнение дека се вмешани во терористичкиот чин достигнал 13 лица, и оти постојат докази за вмешаност на Работничката партија на Курдистан во нападот“ (PKK).
Турција се соочува со низа на терористички напади во текот на изминатата година, вклучувајќи и неколку во Истанбул, за кои одговорноста ја преземаат џихадистичката Исламска држава и курдските милитанти. Во јуни, најмалку 41 лица загинаа, а околу 240 беа повредени во напад со Исламската држава на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.