Македонија
ОБСЕ се надева на мирен изборен ден

Мирен изборен ден очекуваат претставниците на набљудувачите од делегацијата на Парламентарно собрание на ОБСЕ.
„Се надеваме дека денеска ќе биде мирен изборен ден без проблеми, бидејќи на Македонија и се неопходни овие избори за да излезе од политичката криза која трае две години“, изјави шефот на набљудувачите од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Азај Гулијев, по посетата на Избирачкото место 5 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје.
Прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена во понеделник, откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес.
Од ОБСЕ имаат 250 краткорочни набљудувачи кои се распоредени низ целата земја.
Гулијев го посети избирачкото место заедно Специјалниот координатор одговорен за
предводење на краткорочната мисија на ОБСЕ за набљудување на парламентарните избори во Македонија, Роберто Батели.
Батели рече дека нема за какви било недостатоци на избирачките места./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).