Македонија
ВМРО-ДПМНЕ води со три отсто предност пред СДСМ
По пребројани 934.075 гласа, на деветтите парламентарни избори во Македонија, бројките со кои располага Државната изборна комисија покажуваат разлика меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ од три отсто.
ВМРО-ДПМНЕ има 362.427 гласа или 38,80 отсто, додека СДСМ има 339.185 гласа односно 36,31 проценти.
По изборни единици, СДСМ се уште има водство во шестата изборна единица, каде има 20.806 гласа или во проценти 16,27, а ВМРО-ДПМНЕ има 20.317 гласа, а во проценти 15,89. ДУИ има 33.662 или 26,32 отсто.
Во првата изборна едница разликата е во полза исто така на СДСМ и тоа за опозициската партија 60.038, наспрема 49.282 гласови за ВМРО-ДПМНЕ или 40,69 отсто наспрема 33,40 отсто.
Во втората изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ гласале 63.428, а за СДСМ 58.508 или во проценти 38,06 отсто наспрема 35,11 отсто.
Третата изборна единица покажува најголема разлика во полза на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде оваа партија освоила 84.458 гласови или 51,09 отсто, а СДСМ 64.534 гласови, или 39,04 проценти.
Четвртата изборна единица во која се соочија лидерите на двете најголеми партии Никола Груевски и Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ води со 87.722 гласови или 48,12 отсто, а СДСМ со 81.388 гласови или 44,64 отсто.
Петата изборна единица повторно покажува водство на ВМРО-ДПМНЕ со 57.220 гласа или 39,63 отсто, а СДСМ со 53.911 гласови или 37,33 отсто.
За голем победник од албанскиот блок партии може да се прогласи Беса, која освоила 43.559 гласови или 4,66 отсто од гласовите, наспроти ДУИ со 68,571 глас или 7,34 отсто од гласовите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

