Македонија
Незири: Поголема поддршка на занаетчиството во наредниот период
Министерот за економија Беким Незири во средата се обрати на петтата по ред манифестација „Денови на занаетчиство во Република Македонија“, во организација на Занаетчиска комора на Република Македонија со поддршка на Министерството за економија.
„Имајќи го во предвид значењето на занаетчиството како стопанска гранка и заради обезбедување на посигурен развој и заштита на интересите на занаетчиите, подобро економско опкружување и висококвалитетни обуки и тренинзи за занаетчиите, Министерството за економија изготви Стратегија за развој на занаетчиството во Република Македонија со Акционен план 2012-2020, која ги содржи клучните насоки за тоа обновување на занаетчиските активности“, истакна министерот Незири.
Министерот информира дека во владина процедура е новиот Закон за занаетчиство, со кој ќе се уредат условите и начинот на вршењето на занаетчиска дејност, организирање на коморскиот систем, како и условите и начинот за стекнување на квалификации за вршење на занаетчиска дејност. Законот е во насока на подобрување на регулативата во делот на занаетчиството, воведување електронски занаетчиски регистар, воведување на занаетчиска дозвола, подобрување на коморскиот систем, како и усогласување на законите од областа на образованието, кои се однесуваат за преквалификација, доквалификација, мајсторски испит, како и за центрите за обука.
„Сите овие наши мерки и проекти се со цел модернизирање на занаетчиството, со што ќе се генерира извоз, ќе служи како добавувач за извозно-ориентирани индустрии и ќе го поддржува локалниот економски раст“ рече Незири.
На манифестацијата чија цел е да ги промовира потенцијалите на занаетчиството како фактор на економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, како чувар на традицијата и културата на нашата земја, се обратија и Претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија Весна Симова како и државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика Енвер Хусеин.
И покрај тоа што последниве години власта направи одредени чекори за поддршка на овој сектор, се уште сметаме дека занаетчиството не го добива заслуженото внимание.
Ако се земе предвид фактот дека во земјава постојат 10.000 занаетчии, очекуваме повеќе конкретни мерки за поддршка креирани само за занаетчиството со сите негови специфики, истакна претседателот на Занаетчиската комора на Македонија Весна Симова.
Во рамките на манифестацијата, министерот за економија Беким Незири го додели признанието за најуспешен занаетчија во рамки на континуиранниот проект „Признанија за најуспешните“ кое отиде во рацете на Фарук Шабан од Старата скопска чаршија, додека, признание од ЗКРМ доби златарот Никола Петров./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

