Свет
Аргентина: Цената на станови порасна за 20 отсто во последниве пет години
Сонот за сопствен кров над главата за луѓето во главниот град во Аргентина денеска е многу далечен за разлика од пред пет години.
Според пресметките еден граѓанин на Буенос Ариес, за да купи стан потребни му се 11 години, под услов за таа инвестиција да одвојува 100 отсто своите приходи.
Ова е однос на просечната плата во главниот град на Аргентина и просеча цена на стан од 60 метри квадратни.
На крајот на третиот квартал од 2016 година, метар квадратен во Буенос Ариес во просек чинел околу 2.000 долари.
Споредено со 2011 година, податоците покажуваат дека цената на становите во последните пет години е е зголемена за 20 отсто, додека во исто време просечната плата е зголемена во просек за 5,3 отсто, пресметано во американски долари.
Кога се во прашање приходите на граѓаните, најдобро платените граѓани на Буенос Ариес кои се околу 10 отсто, можат да купат стан со 45 месечни плати, додека најсиромашните треба да работаат 66 години за да можат да си купат стан од 60 квадрати. /крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Свет
Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико
Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.
Аркос е убиен само шест дена откако станал градоначалник на Чилпанцинго во југозападно Мексико, град со околу 280.000 жители, пренесува Ројтерс.
„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката на таа држава Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.
Свет
Западноафриканските земји најавуваат подобра жетва, но какаото и чоколадото нема да поевтинат
Клучните производители на какао во Западна Африка, Гана и Брегот на Слоновата Коска најавуваат дека бербата на плодовите од какаото ќе биде поуспешна од претходните сезони, но дека е извесно дека тоа нема да ја намали цената на чоколадото на светските берзи.
Временските услови се подобри, а локалните производители добија пестициди за контрола на какао болестите и очекуваат приносите да бидат значително повисоки од минатата година, пренесува Блумберг.
Бербата започнува веќе во октомври.