Македонија
Сијарто: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат мнозинство и треба да формираатвлада
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го задржаа мнозинството во македонскиот парламент по вчерашниот изборен ден, а Унгарија очекува набрзо да формираат стабилна владина коалиција, порача министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, по денешниот работен појадок на Советот на ЕУ со македонскиот министер Никола Попоски, што тој и неговиот австриски и словенечки колега, Себастијан Курц и Карл Ерјавец го организираа во Брисел.
Честитајќи и на Македонија на успешниот изборен ден со организирање на фер и демократски избори, Сијарто посочи дека Македонија го положила тестот на демократија на кој била ставена од страна на Европската унија.
„Сакаме да им честитаме на нашите македонски пријатели, бидејќи изборите беа одржани на слободен и фер начин. Мислам дека нема никој што би можел да покрене билокаква загриженост за тоа. Ако се земат предвид критиките од Еворпската унија и другите западни сојузници против Македонија од претходно, последните очекувања беа дека треба да има слободни и фер избори, како крај на процесот што го гледавме изминатите месеци и години. Сега е тоа овозможено и одржани се слободни и фер избори, без жалби, за што честитаме“ рече Сијарто, пренесе МИА.
Првиот човек на унгарската дипломатија им ја честита победата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и порача дека се очекува оваа владина коалиција со истите партнери во овие две партии да продолжи да функционира и во следите четири години.
„Им честитаме и на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ, бидејќи сегашната владина коалиција го задржа мнозинството во парламентот и сега, она на што се надеваме како пријатели и соседи на Западниот Балкан, е дека ќе се формира стабилна коалиција, стабилна Влада со мнозинство во македонскиот парламент. Исто така, се надеваме дека земјата ќе се задржи на патот кон европската и евроатлантската инеграцијата, што беше апсолутно каментемелник на политиката на досегашната Влада, која сега победи на петтите парламентарни избори по ред“, додаде Сијарто./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Новo рисче на Шара – тимот на Националниот парк слави со мекици
Националниот парк „Шар Планина“ соопшти дека на една од нивните трап-камери била забележана мајка рис со малечко, при што и двете животни се во одлична здравствена состојба. Со ова, бројот на документирани рисови на Шара се зголемува од една на три единки.
Од паркот потсетуваат дека по успехот минатата година, кога првпат бил снимен мажјак на локалитетот Лешница, денес со радост објавуваат дека и мајка со младенче е регистрирана на територијата на Општина Боговиње. Според соопштението, станува збор за историски момент и резултат на долгорочна, упорна и стручно спроведена работа на тимот. Колегата кој ја регистрирал снимката ја добил честа да го даде и името на мајката рис, која е именувана Сибел.
Во објавата се наведуваат и интересни факти за балканскиот рис, меѓу кои тоа дека е територијално животно што зазема голема територија – понекогаш и над 40 km², како и дека неговата исхрана се состои од срна, дива коза, зајак, еребица, ситни цицачи и други видови од шумскиот екосистем. Од паркот додаваат дека популациите на пленот на Шар Планина полека, но стабилно растат, а ловот е целосно забранет, што придонесува за заштита на видот.
Од Националниот парк истакнуваат дека снимката ја потврдува важноста од континуираниот мониторинг и вложувањето во заштита на биодиверзитетот, потсетувајќи дека балканскиот рис е критично загрозен вид.
Паркот соопшти и дека по повод овој момент, тимот денес слави со мекици.
Македонија
Средба Фетаи–Лоутон: Продлабочување на партнерството меѓу Северна Македонија и САД
Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон, заменик-помошник државен секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања (EUR) при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.
На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, како и за продлабочување на соработката во областите на владеењето на правото, институционалните реформи, борбата против корупцијата и зајакнувањето на практиките на добро владеење. Заменик-претседателот на Владата Фетаи ја потенцираше посветеноста на Владата за унапредување на демократските стандарди, зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и спроведување реформи кои обезбедуваат правично и ефикасно функционирање на јавните институции.
Заменик-помошник државниот секретар Лоутон ја реафирмираше силната поддршка на САД за реформските процеси во земјата, потенцирајќи ја важноста од продолжување на стабилните политики што го поттикнуваат евроатлантското интегрирање, институционалната стабилност и демократскиот развој. Заменик-претседателот на Владата Фетаи и заменик-помошник државниот секретар Лоутон се согласија да продолжат со редовна комуникација и координација за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на зајакнување на доброто владеење и институционалниот интегритет.
Во рамки на посетата, заменик-претседателот на Владата Фетаи оствари работна средба и со Марк Тервакоски, Директор на Канцеларијата за Европа и Азија при Бирото за Меѓународни Наркотични Прашања и Спроведување на Законот.
Македонија
Средба на Гаши со шеикот Махир Муајкали
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со Имамот на Каба, шеикот д-р Махир Муајкали, кој за првпат е во четири дневна официјална посета на државата.
На средбата беше присутен и Реис ул Улема Шаќир еф. Фетаху, поглавар на Исламска верска заедница (ИВ).
„Во срдечната и конструктивна атмосфера, соговорниците се осврнаа на значењето на неговата посета, како и на важноста од меѓусебното почитување и разбирање. Притоа беше изразена искрена благодарност до државните власти на Кралството Саудиска Арабија за нивната досегашна поддршка и соработка. Во разговорот беше нагласено и значењето на зајакнувањето на врските и вредностите што ги споделуваат двете земји и народи, како и заедничката подготвеност за унапредување на институционалните односи и продлабочување на меѓусебната соработка“, соопшти Собранието.

