Европа
Италија: Џентилони го објави составот на својата влада
Новиот италијански мандатар за состав на тамошната влада Паоло Џентилони го објави во понеделникот навечер составот на својата влада во којашто задржа повеќе министри, меѓу кои и министерот за финансии Пјер Карло Падоан.
На новиот италијански премиер во вторникот парламентот би требало да му изгласи доверба. Шеесет и двегодишниот Паоло Џентилони, кој беше министер за надворешни работи во досегашната влада на Матео Ренци, прецизираше дека неговиот замени на чело на дипломатијата ќе биде Анџело Анфано, досегашниот министер за внатрешни работи и најблизок соработник на поранешниот италијански премиер Силвио Берлусони.
Роберта Пиноти и натаму е министерка за одбрана, Џулијано Полети е министер за труд, Дарио Франеческини за култура, Батриче Лоренцини за здравје и Андреа Орландо за правда. Марко Минити, поранешен државен секретар за тајните служби, ќе го замени Алфано на местото министер за внатрешни работи.
Марија-Елена Боки, поранешна министерка за реформи, многу блиска на досегашниот премиер Матео Ренци, од медиумите наречена „мајка“ на реформите коишто Италијанците масовно ги отфрлија на референдумот на 4-ти декември, останува во владата на местото државна потсекретарка во владата. Таа ќе го заемни Лука Лоти, кој е именуван за државен секретар за спорт.
Џентилони, во текот на претставувањето на владата, која е вдахновена од претходната влада, изјави оти „не крие дека ќе има тешкотии“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Макрон не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“
Францускиот претседател Емануел Макрон во интервју за Економист изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија „ја пробие линијата на фронтот“ и ако Киев тоа го побара од Париз, пренесува BFMTV.
„Доколку Русите ги пробија првите линии на фронтот и ако има украинско барање – што не е случај денес – би било легитимно да се постави тоа прашање“, рече Макрон.
Веќе во февруари, Макрон ја покрена можноста за испраќање западни трупи на украинска територија, потсетува БФМ.
„Како што кажав, не исклучувам ништо бидејќи има некој од другата страна кој не исклучува ништо. Без сомнение, бевме премногу сомнителни кога ги дефиниравме границите на нашата акција”, рече францускиот претседател.
Макрон рече дека „априори отфрлањето“ на можноста за испраќање војници би значело дека „не се научени лекциите од последните две години“, бидејќи во летото 2022 година биле против испраќање тенкови, ракети со долг дострел и авиони. и сега сето ова го испорачуваат во Украина.
„Имам јасна стратешка задача: Русија не смее да победи во Украина. Ако Русија победи во Украина, нема да има безбедност во Европа“, додаде тој.
„Кој може да тврди дека Русија ќе застане таму? Каква безбедност има за другите соседни земји, Молдавија, Романија, Полска, Литванија и толку многу други? И тогаш, каков кредибилитет има за Европејците кои би потрошиле милијарди, велејќи дека тоа е опстанокот на континентот и не би обезбедиле средства за запирање на Русија. Така да, не треба ништо да исклучуваме“, истакна Макрон.
Европа
Во Швајцарија ќе се одржат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат
Швајцарската влада денеска соопшти дека во оваа фаза Русија не е меѓу 160-те делегации поканети на мировните преговори за Украина што ќе се одржат во Швајцарија во средината на јуни.
„Швајцарија е убедена дека Русија мора да биде вклучена во тој процес“, соопшти швајцарската влада. „Мировниот процес не е можен без Русија“.
Швајцарската влада соопшти дека отсекогаш била отворена за поканата на Русија, но Москва постојано нагласувала дека не е заинтересирана за учество на првиот самит.
Руските власти истакнуваат дека Швајцарија усвоила европски санкции против Москва поради инвазијата на Украина и затоа нема кредибилитет како неутрален посредник.
Европа
Во Киев се урива споменик кој ја слави блискоста меѓу Русија и Украина
Властите на Киев во вторникот почнаа да го отстрануваат споменикот од советската ера што ја означува врската меѓу Русија и Украина, повеќе од две години откако Москва започна инвазија врз Украина.
Неколку дена ќе бидат потребни за целосно уривање на споменикот од црвен гранит, кој се состои од дваесетина поединечни елементи, соопшти градската управа.
Тоа е всушност група статуи кои прикажуваат украински Козаци кои го опкружуваат лидерот Богдан Хмелницки и московскиот амбасадор.
Статуите ќе бидат префрлени во воздухопловниот музеј.
Споменикот е изграден во 1982 година за да го одбележи „обединувањето на украинскиот народ со братскиот руски народ“ во 1654 година, кога Хмелницки склучил сојуз со рускиот император во борбата против полско-литванскиот сојуз.
Советските историски книги го романтизираа како почеток на нераскинливо пријателство меѓу Украина и Русија.