Црна хроника
Двајца скопјани произведувале и продавале марихуана

Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР-Скопје, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје ги предаде лицата С.Н. (28) и М.И. (35) двајцата од Скопје, поради постоење на основано сомневање дека сториле кривично дело – „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Имено, пријавените на почетокот на месецов неовластено, заради понатамошна препродажба, од непознато лице набавиле и држеле кај себе неодредена количина наркотична дрога – марихуана.
Врз основа на наредби од Судија во претходна постапка од ОСС-1, извршени се претеси во домовите на пријавените при што во домот на С.Н. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: една дигитална вага и 62,35 грама наркотична дрога –марихуана, а во домот на М.И. пронајдени, одземени и доставени на вештачење се: 36,6 грама наркотична дрога –марихуана. Од страна на судија во претходна постапка на двајцата пријавени лица им се изречени мерка притвор во траење од 30 денови.
Инаку, во изминатиот временски период против М.И. од страна на СВР-Скопје поднесена е една кривична пријава за сторени кривични дела – „фалсификување исправа“ за што од страна на Оптински суд Скопје 2 изречена му е казна затвор во траење од четири месеци./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.