Надворешна политика
Спасовски и Остоиќ за активностите на Македонија и Хрватска во услови на бегалската криза

Традиционално добрите меѓусебни односи и соработка, како на политички така и во другите области, вклучувајќи ги и внатрешните работи, и поддршката што Хрватска ѝ ја дава на Македонија во однос на нашите евроатлантски аспирации, беа темите на коишто во четвртокот во Министерството за внатрешни работи во Скопје разговара министерот Оливер Спасовски и хрватската делегација предводена од неговиот хрватски колега Ранко Остоиќ, придружуван од високи претставници на хрватското МВР и амбасадорката Данијела Баришиќ.
На средбата посебен акцент беше ставен на бегалската и миграциската криза, како најгорливо прашање во моментов за двете држави, при што, хрватскиот министер Остоиќ ја истакна загриженоста за новонастанатата ситуација со мигрантската криза и со профилирањето на мигрантите во однос на вистински бегалци од земјите зафатени со војна и економски мигранти.
Остоиќ, исто така, изрази загриженост и за состојбата со регистрацијата на мигрантите, односно со удвојувањето на работите во поглед на регистрацијата на мигрантите од страна на сите држави на ткн балканската рута.
Воедно, хрватскиот министер ја претстави организационата поставеност во неговата земја во однос на приемот и регистрацијата на бегалците во една точка, во ткн централизиран пункт во Славонски Брод, при што даде конкретни предлози за прием, регистрација и профилирање на бегалците и ја истакна подготвеноста на Хрватска да ѝ помогне на Македонија во секој поглед.
Покрај тоа, министерот Остоиќ истакна дека Хрватска е подготвена да организира и Конференција во однос на регистрацијата и профилирањето на мигрантите, наменета за сите земји засегнати од кризата.
Од своја страна Спасовски искажа благодарност за поддршката од страна на Хрватска „во сите аспекти, особено на полето на внатрешните работи“.
Воедно, ја поддржа идејата за заедничко решение во врска со регистрацијата на мигрантите, за да се избегнало дуплирање на работите од страна на сите земји на балканската рута. Исто така, министерот ја истакна „огромната потреба за меѓусебна координација и помош и изрази надеж за продолжување на традиционално добрите односи меѓу двете министерства“./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.