Регион
Албанската опозиција против посетата на Рама во Белград, Приштина го охрабрува

Најголемата опозициска партија во Албанија, Демократската партија побара од премиерот Еди Рама да не патува за Белград на 22-ри октомври, додека косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека премиерот на Албанија не треба да се плаши и треба да ја реализира закажаната посетата.
Најголемата опозициска партија во Албанија, Демократската партија побара од премиерот Еди Рама да не патува за Белград на 22-ри октомври, додека косовскиот премиер Хашим Тачи оцени дека премиерот на Албанија не треба да се плаши и треба да ја реализира закажаната посетата.
Албанската опозиција е против оваа посета на премиерот Еди Рама на Србија, бидејќи смета оти се можни и инциденти, нагласи во пренесувањето на ставот на Демократската партија поранешниот министер за надворешни работи, Алдо Бумчи.
Додаде дека одредени изјави на високи српски раководители кои повикуваат и на војна се сосема јасна порака за Рама да ја откаже посетата на Белград.
„Во овие услови по тешкиот инцидент, нема клима за посета на Белград од страна на еден албански премиер“ рече Бумчи и притоа додаде дека со оваа посета не може да се оствари целта. Посетата би била на штета на Албанија, оцени Бумчи.
Косовскиот премиер Хашим Тачи, пак, својот став го пренесува на социјалната мрежа Facebook во која покрај другото наведува дека албанскиот премиер Рама претставува една држава која е членка на НАТО која никогаш нема да дозволи закана за Албанците на Балканот.
Тој оценува дека треба да се има контакти со соседите и оти од дијалогот не треба да се има страв.
„Западен Балкан веќе е во фаза на целосно интегрирање во евроатлантските интеграции кои во основа го имаат соживотот на луѓето“, пишува косовскиот премиер Хашим Тачи.
Инаку актуелниот градоначалник на Приштина, Шпанд Ахмети, од движењето Самоопределување, му порача на Рама, и пред и по инцидентот, да не патува во Србија, бидејќи прво треба Белград да го признае Косово./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.