Скопје
Град Скопје го објави јавниот повик за повластен јавен градски превоз

Градот Скопје упати јавен повик до здруженијата на граѓани, најдоцна до 23 декември да достават список на баратели кои ги исполнуваат условите за повластен превоз во ЈСП.
Советот на Град Скопје, на предлог на Градоначалникот на Град Скопје, на седницата одржана на 13.12.2016 година, изгласа Програма со која се определуваат видовите на повластеното користење на јавниот градски превоз, категориите на лица со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.
„Заинтересираните граѓани, лица со оштетен вид, лица со оштетен слух, лица со телесно оштетување, лица со интелектуална попреченост, бубрежно болни лица, како и инвалидите на трудот, инвалидски пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз можат да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на градот Скопје“, се вели во соопштението на Град Скопје. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).
Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје
Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 април околу 21:15 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 18-годишниот А.Н. од Скопје, се судрило со автомобил „БМВ“ со чешки ознаки, управуван од Т.К. (24) од Струга.
Во судирот, тешки телесни повреди добил 20-годишниот С.Ј. од Скопје, кој бил сопатник во возилото „БМВ“. Телесни повреди добиле и двајцата возачи, како и две девојки – А.Ф. (20) и М.Р. (19), сопатнички во „Фолксвагенот“, сите од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им биле констатирани повредите.
„На местото на несреќата излезе увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на причините и околностите под кои се случил судирот“, соопштуваат од МВР.