Здравје
Улогата на хијалуронот за здрава кожа и за ремоделирање
Повеќето од функциите на кожата можат да му се припишат на молекуларниот состав на нејзиниот екстрацелуларен матрикс, а особено на биолошките особини на една од нејзините главни компоненти – хијалуронската киселина.
Речиси половината од хијалуронот во нашето тело е распореден во епидермисот и дермисот каде фибробластите, кератиноцитите, ендотелните клетки го синтетизираат во различни молекуларни тежини 50.000 до 2.000.000 kD. Различните класи на хијалурон покреваат различни клеточни одговори и метаболички реакции вклучувајќи ги и адхезијата на кератиноцитите во епидермот.
Во епидермисот, хијалуронот кој има негативно полнење, е локализиран во екстрацелуларниот матрикс каде формира хидрофилна мрежа која врши функција на транспортирање и дистрибуција на нутритиенти и метаболити до кератиноцитите, меланоцитите, Лангхансовите клетки. Овие функции припаѓаат на нискомолекуларната класа на хијалурон и допринесуваат за одржување на кутаната хомеостаза ули ткн хидро ефект.
На сличен начин, во дермисот, високо-молекуларниот хијалурон преку комплексна интеракција со главните молекули на екстрацелуларниот матрикс (протеогликани, гликопротеини, седум различни типови на колаген) играат централна улога во одржување на структурната стабилност.
Хијалуронот ја конзервира и ја сортира водата и метаболитите на целиот матрикс, а со самото тоа регулира пластичност, деформабилност на клетките на матриксот функционирјќи како физиолошки експандер кој овозможува лифтиноф ефект на кожата. Нормалниот механизам одговорен за стареење потенциран од егзогени фактори (радијација, УВ зрачење, стрес) и од ендогени фактори (лекови, хемискиагенси, услови врзани за метаболички дисфункции како дијабет) низ времето го менува присуството и соодносот на хијалурон во кожата.
Врвна естетика со нехируршки техники
Оттука е идејата за употреба на филерите кои содржат хијалурон како основа за реѓуванс и ремоделирање на лице, врат, раце, со инфилтрација на раствори на хијалурон кои го регенерираат трофичкиот ефект на епидермисот и го моделираат дермисот на сигурен и природен начин.
Производите кои содржат хијалурон сé повеќе се со различна намена: оние кои се наменети за површинско хидрирање, а процедурата е позната како мезотерапија, потоа пополнување брчки и длабоко пополнување односно биомоделирање.
Филерите најчесто се користат за корекција на назолабилајни брчки, глабела, околу очи, а при последните две индикации може да се изведе процедура со ботокс, а потоа докорегирање со филери. Многу често филерите се користат за реѓуванс на врат, пополнување уста и длабоко ремоделирање односно кутано-субкутана апликација на филерот со која се постигнува ефект на нехируршки лифтинг на регии како јаболкници, образна регија, субментална регија.
Филерите имаат многугодишен развој во кој се вклучени тимови на експерти на полето на медицинската естетика. Создадени се меки крос линк гелови за корекција на брчки и посебни формулации на стабилна крос – линк хијалуронска киселина обвиткана дополнително со партикли на хијалурон која има за функција да постигне волумен со исклучителни естетски резултати. Ефектот трае од 12 до 18 месеци. Нон крос-линк геловите се наменети за кожна рејувенација и мезотераписки третмани.
„Овие процедури секогаш треба да ги изведува лекар специјалист од областа на дерматологијата, кој добил сертификат за ракување со филери, ботокс, мезотерапија. Лекарот дерматолог е најдобро да изготви индивидуална шема според состојбата на лицето на секој пациент посебно“, порачува Д-р Анета Кокалевска Петрушевска, специјалист дерматолог од „Ординација Д-р Анчевски“.
Пристапот на рејувенација дава најдобри резулатати со користење на комбинации на техники, согласно возраста, состојбата на лицето и длабочината на брчките.
Меѓу 20 и 30 години луѓето имаат малку брчки кои најчесто се резултат на сончево оштетување. Третманите може да вклучат, мезотерапија, јонтофореза, ласерски третмани. Меѓу 30 и 40 години брчките стануваат динамички и се видливи кога луѓето се смеат или гестикулираат. Поктрај употреба на горенаведените процедури овие брчки се корегираат со ботокс или филери.
Во 50-те години, пак, брчките се статички, односно се видливи и без гестикулации. Комбинациите на третмани вклучуваат редовно односно еднаш месечно употреба на пилинзи, мезотерапија и пакет ласерски третман. Ботоксот се аплицира на чело, околу очи и глабеларно но понекогаш е потребна докорекција со филери. Филерите покрај назолабијално се аплицираат и длабоко субдермално со контекст на ремоделирање и добивање волумен.
Кај лица со повеќе од 60 години, лицето веќе не е мазно, односно се појавуваат и брчки на образниот дел. Во опција е и хируршки лифтинг или ремоделирање и волумизирање со длабоки филери со три до пет процедури и редовна апликација на ботокс. Многу е важно, додава др Кокалевска Петрушевска, да не се прекинат пилинзите, ласерските третмани и мезотерапија, за да се одржува лицето во тонус.
Според неа, трендот во последно време е да се задржи младешкиот изглед на кожата, а тоа да изгледа природно и да не е пренагласено. За постигнување на ваков изглед грижата за кожата и нејзините потреби да биде во согласност со возраста и потребите.
Не може да се очекува ефектот од филерите, ботоксот и другите процедури да биде совршен ако со нивна употреба се започнало кога брчките се видливи и во мир односно без мимика. Хијалуронот е природна компонента на кожата и нејзиното навремено надополнување со пратење на индувидуални потреби и протоколи го дава ефектот кој сите го посакуваат забавено стареење, младешки и природен изглед и после 50-та година. За врвни резултати при употреба на филери, ботокс и други комбинации на техники потребно е: стручен тим кој поминал екстензивни тренинзи, искуство и познавање на лицевата анатомија; правилен избор на пациенти; анализа на пациентот, кои се неговите очекувања, желби, мотивација; внимателна анализа на проблемот односно индивидуалната лицева проблематика; избор на соодветен филер.
„На тој начин сме обезбедиле, брз, сигурен, лесен, ефикасен метод за разубавување и здрав изглед во исто време“, заклучува др Кокалевска Петрушевска./крај/мф/би
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Зошто понекогаш е добро да се направи пауза во процесот на слабеење?
Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Повеќето луѓе кои се обидуваат да ослабат се фокусираат на строги диети и постојан калориски дефицит, надевајќи се на брзи резултати. Сепак, таков пристап често води до замор, губење на мотивација и откажување пред да се постигнат посакуваните цели.
Еден од најефикасните начини за одржување на мотивацијата и постигнување подобри резултати е воведување планирани паузи за време на губењето на тежината. Паузите се период кога привремено го прекинувате калорискиот дефицит и преминувате на диета што ја одржува вашата моментална тежина.
Ова му дава на телото шанса да се одмори, а метаболизмот се стабилизира, додека психолошки се регенерира. Телото не е под стрес и подоцна кога ќе продолжите со планот и програмата, има мотивација.
Паузите исто така помагаат во учењето како правилно да се одржува тежината. Многу луѓе не знаат како да јадат по диетата и често се враќаат на старите навики, што доведува до враќање на изгубената тежина. Кратките, планирани паузи му овозможуваат на телото и навиките постепено да се прилагодат на новата тежина и навиките во исхраната.
Покрај тоа, паузата од ограничувањата го намалува гладот и психолошкиот притисок, што му помага на лицето да се врати на диетата со обновена енергија и дисциплина. Паузите не се знак на слабост или откажување, туку стратешка алатка за долгорочен успех во слабеењето.
Затоа, правењето планирани паузи може да ги подобри и физиолошките и психолошките аспекти на процесот на слабеење, да го олесни постигнувањето на целите и да помогне во одржувањето на посакуваната тежина по завршувањето на диетата.
Забава
Неколку навики додека се туширате секојдневно ви ја уништуваат кожата
При секојдневно туширање, често се јавуваат проблеми со кожата како што се затегнатост, лупење, сивост или иритација, а експертите ги објаснуваат најчестите причини за ова.
Дерматолозите предупредуваат дека најголемите проблеми со кожата не доаѓаат само од силните производи, туку и од мали, повторувачки грешки кои полека ја оштетуваат заштитната бариера. Затоа е клучна правилната нега на кожата.
Експертите тврдат дека најпријатните моменти во туширањето, долгите и топлите, се и најштетни бидејќи водата над 38 степени ги раствора липидите, природните масла што ја одржуваат кожата мека и еластична.
Кога ова се случува секој ден, бариерата се истенчува, губи влага и развива препознатлива комбинација од затегнатост и чувство на „крцкање“.
Кожата потоа изгледа чиста, но е и исцрпена. Експертите советуваат да се користи млака вода, која чисти без да ја наруши природната состојба на телото. После тоа, кожата подобро ја прифаќа грижата, а сувоста на кожата исчезнува речиси преку ноќ.
Дополнително, геловите полни со парфеми, сулфати и засилувачи на пена го прават она што го прави топлата вода, односно отстрануваат повеќе отколку што е потребно. Кога на тоа ќе се додаде и секојдневната употреба на сунѓери кои механички ја тријат кожата, резултатот е потенцијална хронична иритација, која најчесто се гледа на рамената, градите, нозете и подлактиците.
Она што ѝ е потребно на вашата кожа е понежен пристап во форма на поприродни гелови и оние со минимален број состојки, без интензивни мириси.
Исто така, препорачливо е да нанесувате производи за нега на тело во првите 60 секунди по туширањето. Тогаш вашата кожа најбрзо ја губи влажноста.
Кога млекото, лосионот или маслото се нанесуваат додека кожата е влажна, се создава заштитен слој што ја одржува кожата мека во текот на целиот ден.
Дерматолозите велат дека ова е една од најбрзите промени што носи видливи резултати, особено во зима кога воздухот е сув, а кожата е почувствителна од вообичаеното.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.

