Свет
Белата куќа откри што Обама му кажал на Путин во приватниот разговор во Кина
Американскиот претседател Барак Обама на маргините од самитот на Г20 во кинески Хангжу, одржан на почетокот на септември, во приватниот разговор на својот руски колега Владимир Путин му кажал дека Вашингтон ќе стори сé што е неопходно за да го заштитат изборниот процес во САД, изјави во четвртокот за телевизиската мрежа MSNBC заменикот помошник на американскиот претседател за национална безбедност Бен Родс.
„Обама разговараше со нив (членовите на руската делегација) на самитот на Г20. Јас бев присутен на средбата. Потоа тие (Обама и Путин) извесно време беа сами. Претседателот Обама јасно ставил до знаење дека ние имаме намера да го сториме она што е неопходно за да го заштитиме нашиот изборен процес“, рече Бен Родс.
Советникот на Обама одговори на прашањето во врска со пишувањето на весникот The New York Times од средата во чијшто напис се тврди дека Обама на маргините од самитот на Г20 приватно го предупредил Путин во врска со сериозни последици за наводните обиди на Москва да влијае врз предизборната кампања во САД.
Ваквите обвинувањата руските претставници повеќепати ги отфрлија и ги нарекоа апсурдни. А Вашингтон, иако официјално ја обвини Москва за хакерски упади во компјутерските системи на Демократската партија, чијашто кандидатка Хилари Клинтон беше поразена од републиканецот Доналд Трамп кого го обвинуваа за блискост и симпатизирање на рускиот претседател Владимир Путин, никогаш не презентираше докази./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Писмо со сомнителен прав доставено до кабинетот на белгискиот премиер Де Кроа
Писмо во кое имало прашок од сомнителен состав утрово е доставено до кабинетот на белгискиот премиер Александар де Кроа, пренесоа белгиските медиуми.
Инцидентот го потврдија од Бриселската противпожарна бригада, кои соопштија дека едно лице кое дошло во контакт со писмото, превентивно било пренесено во болница.
На местото на настанот, покрај противпожарната бригада, се испратени и полиција и цивилна заштита, кои го однеле писмото на дополнителна анализа, пишува „Brasels tajms “.
Според извештаите, ова е трет пат оваа недела во Брисел да се најде писмо со сомнителен прав.
Во средата наутро сличен инцидент се случил во канцеларијата на Службата за државна безбедност, а уште еден сомнителен плик бил откриен во средата попладне во полицијата.
Во инцидентите немало последици од контаминација, а засега не се знае дали овие три случаи се поврзани, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.