Контакт

Вести

САД поради Дутерте ја укинува помошта за Филипини

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

САД соопштиле дека ќе го скратат големиот пакет на помош за Филипини, изразувајќи загриженост поради изјавите на филипинскиот претседател Родриго Дутерте дека патролирал по улиците и „лично убивал криминалци“, пренесуваат светските агенции.

 

Ова е последна од низата на непријатности во затегнатите односи помеѓу двете земји, во екот на борбата против трговијата со дрога на Филипини, во која беа убиени повеќе од илјада луѓе, од кога Дутерте ја презема должноста претседател, кон крајот на јуни.

 

Дутерте кон почетокот на неделата изјавил дека додека бил градоначалник на градот Давао патролирал по улиците на моторцикл и убивал криминалци, „за да и даде пример на полицијата“.

 

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изјавил дека изјавата на Дутерте била „доста загрижувачка“ и дека е во спротивност со соопштенијата на владата на Филипини дека ќе бидат посветени кон владеењето на правото.

 

Американската владина агенција „Милениумски предизвици“ сооштила дека нејзиниот одбор оваа недела го одложил гласањето за обноа на пакетот на развојна помош за Филипини, поради „сериозната загриженст околу владеењето на правото и граѓанските слободи“.

 

Дутерте, кој по професија е адвокат, дојде на власт на крајот на јуни по предизборната кампања за време на која вети дека ќе се пресмета со илјадниците криминалци на Филипини, на тој начин што ќе ги убие и дека нема да бара дозвола од филипнскиот парламент за неговите акции./крај/мф/бс

 

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија17 минути

(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи

„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13...

Македонија24 минути

(Видео) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

„СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери“, рече денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и...

Македонија1 час

АХВ спроведе вонредни контроли во Кавадарци, недоследности се најдени кај три ресторани и една месарница – изречени се парични казни

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредни инспекциски контроли и кај оператори со храна во...

Македонија1 час

Средба на министерот Муцунски со МНР на Република Индија, Џаишанкар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на 79-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба...

Свет2 часа

Убиен e лидерот на Хезболах, соопшти израелската армија

Израелската армија соопшти дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах е убиен. Во објава на X, израелската армија ИДФ соопшти дека...

Свет3 часа

(Видео) Ураганот во САД однесе 44 животи, речиси 5 милиони граѓани без струја

Бројот на жртвите од ураганот Хелена, кој ги погоди САД, се зголеми на 44, а 4,6 милиони луѓе се без...

Свет4 часа

(Фото+видео) Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти...

Македонија20 часа

Сомнеж за труење со храна во основното училиште„Ѓорѓија Пулевски“во скопски Аеродром: затворена е кујната

Наредено е затворање на кујната, по добиено известување за сомнеж за труење со храна на 8 деца во основното училиште...

Македонија22 часа

Орбан има предлог за изнаоѓање решение со Бугарија, му го кажал на Мицкоски

Следен чекор е Северна Македонија да се спогоди со Бугарија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан при посетата во Охрид за...

Македонија23 часа

Oрбан: Историска грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ сè уште не се почнати

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојува во дводневна посета на земјата, оцени дека е историска грешка што Брисел сè уште...

Македонија1 ден

Водата во Гостивар неисправна за пиење, најдена е ешерихија коли

Од ЕЛС – Гостивар известуваат дека со најновите микробиолошки анализи водата од јавниот водовод моментно не е безбедна за пиење....

Македонија1 ден

„Македонија го доживеа најголемиот пораз со ЕУ“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски

Како што и се очекуваше, Македонија го доживеа најголемиот пораз од времето кога прва во регионот како најуспешна држава во...

Македонија1 ден

Радев за одлуката на ЕУ да преговара за прием на Албанија: Логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира одлуката на Европската Унија за почеток на пристапните преговори со Албанија, но не и...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот Хелен ја опустоши Флорида: поплавени куќи, урнати дрвја, милиони без струја

Ураганот Хелен, кој ослабе од категорија 4 на категорија 1 откога ја опустоши Флорида, ќе продолжи да предизвикува бранови опасни...

Македонија1 ден

Кривична против ексдиректор на Затвор Струмица: им наредувал на затворски полицајци да ослободуваат осуденици

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична приjава против 40-годишниот Б.Ц. од Струмица поради постоење основи на сомнение...

Свет1 ден

Макрон: Би било грешка Нетанјаху да одбие прекин на огнот во Либан

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би било „грешка“ за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го одбие примирјето предложено за...

Свет1 ден

Трамп: Денеска ќе се сретнам со Зеленски

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по неколкудневните гласини дека средбата е малку веројатна. Републиканскиот...

Свет1 ден

(Видео) Ловец на бури објави снимка од центарот на ураганот Хелен

Ник Андервуд, ловец на бури, кој со години лета низ бури, денеска објави видео од центарот на ураганот Хелен. „Ве...

Македонија2 дена

Членството во ЕУ го чекаме од 2005 година, охрабрувани со рефренот: „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, рече Сиљановска Давкова во ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се обрати на Генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се...

Македонија2 дена

(Видео) Орбан пристигна во Македонија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја започна официјалната посета на Република Северна Македонија. „Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу...