Контакт

Наука

Вулканот Света Елена во Вашингтон и натаму мистерија за научниците

Објавено пред

Вулканот во Света Елена во американската сојузна држава Вашингтон во 1980 година беше виновник за најголемата ерупција во историјата на САД.

Ерупцијата била толку силна, што го разнела целиот северен дел од планината, со што бил предизвикан најголемиот одрон на земјата забележан кога и да е. Столбот од чад и пепел се кренал дури 24 километри во воздухот, а лавата од вулканот го стопила целиот снег и мраз од планините и предизвикала калливи одрони.

За време на оваа ерупција загинале 57 луѓе, биле уништени 24 куќи, 47 мостови и речиси 300 километри пат, а вкупната штета изнесувала околу милијарда долари.

Света Елена не е познат само по големата ерупција, туку и по уникатната внатрешност за која научниците потврдиле дека е збунувачки студена за активен вулкан.

Тимот научници кои се предводени од Стив Хансен од Универзитетот Ново Мексико, успеале да соберат доволни податоци за да состават сеизмички приказ со висока резолуција од внатрешноста на планината, а која покажува длабоки кристални структури кои биле предизвикани од 23 помали експлозии. Она што на снимките не успеале да го пронајдат е изворот на топлина, туку пронашле мека карпа типична за ткн „калливи вулкани“.

Според истражувачите, сé уште не е откриена мистеријата на овој вулкан, од каде доаѓа топлината на овој вулкан, со сепак според нивна претпоставка, изворот може да биде соседниот вулкан Маунт Адамас кој последен пат еруптирал во 950 година. Но, сепак, останува нејасно како се случува тоа, односно на кој начин еден вулкан „ја краде“ магмата на другиот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

Зошто „совршениот пријател“ од вештачка интелигенција е проблем, а не решение

Објавено пред

Идејата за дигитален „совршен пријател“ кој е секогаш достапен, нуди поддршка и никогаш не осудува на прв поглед изгледа како можен одговор на растечкиот проблем на осаменоста. Но експертите за ментално здравје и технологија предупредуваат дека ваквиот однос со вештачка интелигенција може да создаде лажна слика за поврзаност и долгорочно да ја влоши социјалната изолација.

Прашањето станува сè поактуелно во време кога вештачката интелигенција сè почесто се нуди како решение за емоционална поддршка. Дел од технолошките лидери, меѓу кои и извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, изјавија дека ваквите системи би можеле да помогнат во намалување на чувството на осаменост. Сепак, научните анализи и клиничките набљудувања укажуваат на значајни ограничувања.

Светската здравствена организација уште во 2023 година ја прогласи осаменоста за глобален здравствен приоритет, а истата година американските здравствени власти ја опишаа како национална епидемија.

„Илузија на пријателство“ и улогата на вештачката интелигенција

Во анализа за Си-Ен-Ен, истражувачи и лекари предупредуваат дека вештачката интелигенција може да создаде „илузија на пријателство“, особено кај лица кои веќе се чувствуваат осамено.

Професорката Шери Теркл од Технолошкиот институт во Масачусетс, која со години ја истражува врската меѓу луѓето и технологијата, оценува дека современото општество сè повеќе навикнува емоционална блискост да бара преку дигитални платформи. Според неа, разговорот со вештачка интелигенција може да изгледа како вистинска комуникација, но недостасува клучен елемент – човечката ранливост, без која не постои вистинска интимност.

„Прво разговаравме едни со други преку машини. Сега разговараме директно со машини. Навикнати сме да бараме наклонетост на екран“, вели таа.

Најголем ризик кај социјално изолираните лица

Истражувачката од Универзитетот Принстон, Роуз Гингрич, укажува дека најголем ризик постои кај луѓето кои веќе се социјално изолирани. Тие, како што објаснува, полесно развиваат емоционална приврзаност кон системи кои се дизајнирани да симулираат емпатија и разбирање, иако не поседуваат вистински емоции.

„Луѓето велат дека развиваат врски слични на вистински човечки пријателства, менторства и романтични врски, и чувствуваат дека нивниот четбот со вештачка интелигенција ги сака назад. Но, вистината е дека луѓето може да чувствуваат дека ја сакаат вештачката интелигенција, но таа не им возвраќа љубов“, вели Гингрич.

Недостиг на човечки сигнали во комуникацијата

Дополнително, експертите од областа на јавното здравје предупредуваат дека човечката комуникација не се базира само на зборови.

Деканката на Факултетот за јавно здравје од Универзитетот Џорџ Мејсон, Мелиса Пери, истакнува дека вистинската комуникација не може да се сведе на текст или гласовен разговор. Таа објаснува дека луѓето се биолошки прилагодени да реагираат на тон на глас, изрази на лице и говор на тело.

„Може да изгледа дека вештачката интелигенција разбира и поддржува, но без човечки сигнали, вистинска поврзаност не постои“, истакна Пери.

Ризик од „безконфликтни“ дигитални односи

Според експертите, ризикот од ваквите „безконфликтни“ дигитални односи е во тоа што корисниците може да се навикнат на комуникација без несогласувања и емоционални предизвици, што подоцна ја отежнува способноста за градење реални односи.

Иако дел од експертите сметаат дека вештачката интелигенција може да има улога како поддршка или алатка за вежбање социјални вештини, доминантниот став е дека таа не може да ја замени човечката интеракција. Реалните односи, нагласуваат тие, остануваат клучни за психолошкото здравје и долгорочната благосостојба.

Прикажи повеќе...

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 минута

„Халкбанк“ ја проширува понудата со услуга за инвестирање на странски пазари

Следејќи ги современите трендови во финансискиот сектор и растечките потреби на клиентите за поголема диверзификација и пристап до глобални инвестициски...

Свет10 минути

Тајани: ЕУ ќе одлучи кој ќе биде нејзин преговарач во евентуалните разговори со Русија

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Европската Унија ќе одлучи кој ќе биде нејзин...

Свет12 минути

(Видео) Макрон стана од публиката, го зеде микрофонот и повика: „Тоа е целосно непочитување“

Францускиот претседател, Емануел Макрон, учествуваше на самитот „Africa Forward“ во Најроби, каде што имаше необична ситуација за време на панел-дискусија....

Македонија16 минути

Лукровски дигнал раце од општината, јавна тајна е дека веќе два пати поднесувал оставка, велат од ГРОМ

ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот...

Свет18 минути

Стармер: Нема да се повлечам, ќе докажам дека критичарите грешат

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека нема да се повлече од функцијата, и дека ќе им докаже на своите критичари...

Свет24 минути

(Видео) Пентагон ги отвори архивите: Што навистина откриваат документите на Трамп за НЛО

Пентагон објави огромна архива на претходно доверливи документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи децениски описи на видувања пријавени од...

Црна хроника29 минути

Малолетничка паднала од велосипед: со тешки повреди е пренесена во болница во Штип

Вчера околу 19:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека кај место викано „Рудина“ на некатегоризиран пат, 11-годишна малолетничка...

Црна хроника31 минута

Возило излетало од патот: возачот е тешко повреден а четири лица меѓу нив и малолетници завршиле со полесни повреди

Во СВР Скопје, вчера околу 18:40 часот е пријавено дека на обиколница на град Скопје, клучка Мирковци, патничко возило „бмв“...

Економија35 минути

Билатерална средба на македонската и хрватската Царина: „Ќе оставиме видлив белег во реформите за забрзана ЕУ интеграција“

Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на...