Контакт

Наука

Нова гранка на генеалошкото стебло на Европејците

Објавено пред

 Генетското потекло на Европејците би можело да биде посложено отколку што досега сметаа научниците, имено денешните Европејци се потомци на барем три големи гранки предци, според студијата којашто ја објави специјализираното списание Nature.

dobivaj vesti na viber

Пред околу 7.500 години првите земјоделци од Блискиот исток дошле во контакт со ловците-собирачи на плодови во Европа кои таму веќе живееле веќе со десетици илјади години. Генетските и археолошките истражувања спроведувани последните десет години покажаа дека речиси сите денешни Европејци настанале со мешање на тие две групи. Меѓутоа, меѓународен тим експерти предводен од Дејвид Рејч, од американскиот универзитет Харвард, и од Јоханес Краусе од германскиот универзитет во Туебинген, ја утврдиле „недвосмислено“ и третата гранка, на Северните Евроазијци кои дошле од областите кои опфаќаат голем дел од денешна Русија, сѐ до северна Азија.„Постојат барем три големи групи, многу различни, кои се важни чинители на предците на речиси секој поединец кој денес има европско потекло. Тоа се ловци-собирачи на плодови од западна Европа, првите земјоделци кои од Блискиот исток го донеле земјоделието во Европа и неодамна идентификуваната група древни Северни Евроазијци кои стасале во Европа набрзо по воведувањето на земјоделието“, вели Рејч за AFP.За да дојдат до ова откритие, научниците секвенцирале ДНК на повеќе од 2.300 луѓе од целиот свет и девет скелети на древни луѓе, осум на ловците-собирачи на плодови кои живееле пред 8.000 години, пред доаѓањето на земјоделието во Европа и еден земјоделец кој живеел пред 7.000 години. Притоа имале пристап до генетските податоци на други древни луѓе од истиот период.Сразмерното влијание на секоја од тие три групи предци е различен во поедини народи. Најголем удел ловците-собирачи на плодови имаат меѓу Европејците на северот, особено кај Литванците, речиси 50 отсто. Меѓу Европејците кои живеат на југ преовладува генетското влијание на земјоделците. Меѓутоа, ДНК-та на Северните Евроазијци не е пронајден ниту меѓу автохтоните ловци-собирачи на плодови, ниту меѓу земјоделците кои дошле подоцна.„Тоа значи дека големите преселби се одиграле во Европа подоцна отколку што досега се мислеше“, истакнува Рејч. Додава и дека другите групи предци придонеле за генетскиот профил на денешните Европејци.„Само што почнуваме да ја откриваме сложената генетска поврзаност на нашите предци. Само дополнителните генетски информации ќе ни помогнат да ја расветлиме нашата предисторија“, коментира Краусе./крај/мф/сн

Извор: AFP



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Шпански колбас прикажан како нова ѕвезда снимена со телескопот Џејмс Веб

Објавено пред

Француски научник упати јавно извинување откако твитна фотографија од парче колбас чоризо, тврдејќи дека се работи за далечна ѕвезда снимена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб.

dobivaj vesti na viber

Етјен Клајн, прославениот физичар и директор на француската Комисија за алтернативна и атомска енергија, сподели фотографија од зачинетиот шпански колбас на Твитер, истакнувајќи ја количината на детали што ги нуди фотографијата.

“Фотографијата на Проксима Кентаури, најблиската ѕвезда до Сонцето, која се наоѓа на 4,2 светлосни години од нас. Фотографијата е направена од вселенскиот телескоп Џејмс Веб. Ова ниво на детали… Секој ден се открива нов свет”, физичарот им порача на своите следбеници на Твитер.

Илјадници корисници го споделија овој твит и ја коментираа објавата, земајќи го за збор истакнатиот научник. Подоцна тој призна дека фотографијата всушност била крупен кадар на парче колбас chorizo ​​на црна позадина.

„ Па, кога е час за коктел, когнитивната пристрасност има многу за уживање… Бидете свесни за тоа. Според модерната космологија, ниту еден предмет поврзан со шпанскиот деликатес не постои никаде на друго место освен на Земјата“, напиша Клајн.

Откако се соочи со реакции од заедницата на Твитер, тој мораше да објасни дека тоа е шега.

„ Да научиме да бидеме внимателни со аргументите кои доаѓаат од позиција на моќ, како и со спонтаната елоквентност на одредени слики“, рече Клајн. На почетокот на август уште еднаш и се извини на јавноста, изјавувајќи дека намерата му била да го привлече вниманието на сликите кои како да „зборуваат сами“, а вистината е дека всушност е далеку од тоа!

Телескопот Џејмс Веб е најмоќниот телескоп кој некогаш бил испратен во вселената. Официјално започна со работа на 12 јули, а на нашата планета испраќа слики со огромна резолуција од SSD.

Прикажи повеќе...

Забава

Откриена џиновска озонска дупка – седум пати поголема од онаа на Антарктикот

Објавено пред

Над тропските региони е откриена озонска дупка седум пати поголема од озонската дупка на Антарктикот.

dobivaj vesti na viber

Но, според канадскиот истражувач Чинг-Бин Лу, таа постои од 1980-тите. Професорот Чинг-Бин Лу од Универзитетот во Ватерло во Онтарио ја откри оваа озонска дупка која опстојува во сите годишни времиња во долната стратосфера над тропските предели (на 30 степени северна – 30 степени јужна географска ширина).

Длабочината на оваа тропска озонска дупка е споредлива со длабочината на добро познатата озонска дупка што се појавува на пролет над Антарктикот, додека нејзината површина е околу седум пати поголема.

Во средината на седумдесеттите, атмосферските истражувања покажаа дека озонската обвивка, која го апсорбира најголемиот дел од сончевото ултравиолетово зрачење, може да биде оштетена од индустриски хемикалии, пред сè хлорофлуоројаглероди (CFC), се вели во статија на порталот „Дискавери“.

Откривањето на озонската дупка на Антарктикот во 1985 година ја потврди штетата на озонската обвивка предизвикана од CFC. Иако забраните за такви хемикалии помогнаа да се забави осиромашувањето на озонската обвивка, новите докази сугерираат дека штетите опстојуваат.

„Тропските предели сочинуваат половина од површината на планетата и се дом на речиси половина од светската популација. Постоењето на тропска озонска дупка може да предизвика голема глобална нерамнотежа бидејќи осиромашувањето на озонот може да доведе до зголемување на УВ зрачењето на ниво на земја, што го зголемува ризикот од рак на кожата и катаракта, ги намалува земјоделските приноси и негативно влијае на чувствителните водни организми и екосистеми“, предупредува професорот Лу, истражувач на Катедрата за физика и астрономија, Катедрата за биологија и хемија на Универзитетот во Ватерло.

Откривањето на оваа озонска дупка, која опстојува во текот на целата година над тропските предели, беше изненадување за научната заедница, бидејќи врз основа на постоечките конвенционални фотохемиски модели, никој не го ни погоди нејзиното постоење.

Губењето на озонот води до стратосферско ладење, така што постоењето на тропска озонска дупка во текот на целата година и сезонски поларни озонски дупки е еквивалентно на формирање на три „температурни дупки“ во долната стратосфера на Земјата.

Прикажи повеќе...

Забава

Астрономите открија необично голема и светла црна дупка

Објавено пред

Астрономите ја открија најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди сонца, која троши еквивалент на една Земја секоја секунда и сјае 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави Австралискиот национален универзитет (АНУ).

dobivaj vesti na viber

„Астрономите ловат вакви објекти повеќе од 50 години. Тие пронајдоа илјадници бледи, но овој зачудувачки светол објект се провлекол незабележано“, рече главниот истражувач на АНУ, Кристофер Онкен, нарекувајќи го „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.

„Сега сакаме да знаеме зошто оваа црна дупка е поинаква – дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да ја нахранат“, рече Онкен.

Коавторот Кристијан Волф ја нарече рекордната црна дупка „извонредна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

Вучиќ: Зад нас е тежок ден, се надевам дека по некое чудо ќе дојдеме до компромисно решение

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова...

Свет5 часа

Стотици писатели ќе ги читаат книгите на Ружди на улица во Њујорк

Стотици писатели ќе се соберат во Њујорк за да ги читаат делата на Салман Ружди, по примерот на настанот првпат...

Европа6 часа

Зеленски: ОН мора да обезбедат заштита на нуклеарната централа Запорожје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изјави дека ОН мора да обезбедат заштита...

Македонија8 часа

Македонскиот тим од историската комисија: Најголема лага е дека текстовите за заедничко чествување ќе се применат во образованието

Македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања упати реакција во врска со објавените решенија на комисијата,...

Македонија8 часа

Агенцијата за млади и спорт со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон. „Како традиција, која Охрид и...

Економија10 часа

Дизелот поскапува за 2 денара, цените на бензините остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија10 часа

Пецаков: Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд

Пливачите се револтирани бидејќи три години со ред не им е исплаќан награден фонд, обзнани градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков....

Македонија11 час

Бугарското МНР ја охрабрува Комисијата за историски прашања да продолжи со работата

Министерството за надворешни работи во Бугарија ја поздравува досегашната активност на Мешовитата комисија за образовни и историски прашања меѓу Софија...

Македонија12 часа

СДСМ: Деструктивниот Мицкоски сонува власт, избори ќе има во 2024 година и на тие ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Откако им пропаднаа сите обиди за блокада и дестабилизација на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивното однесување на...

Македонија13 часа

За еден ден поднесени се над 50 барања за проценка на штети од невремето во Неготино

За еден ден поднесени се над 50 барања од граѓани кои претрпеле штети од невремето кое пред два дена го...

Свет14 часа

Конашенков предупредува: Украинците планираат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол

Украина планира утре да изврши артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол, тврди денеска портпаролот на руското...

Македонија14 часа

Портокалова фаза во цела држава, се препорачува ослободување од работа на најранливите категории население

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Свет14 часа

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се...

Свет14 часа

Тешка автобуска несреќа во Мароко – 23 загинати, 36 повредени

23 лица загинаа, а 36 се повредени во автобуска несреќа источно од Казабланка, една од најсмртоносните несреќи во Мароко во...

Свет14 часа

Советникот на Зеленски: Се подготвуваме за руски напад врз Киев на 24 август

Олексиј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека Украина се подготвува за руски ракетен напад врз Киев, кој...

Економија14 часа

Масовни протести поради економската криза во Аргентина

Илјадници незадоволни Аргентинци го блокираа центарот на Буенос Аирес за време на насилните улични протести, барајќи од владата да ги...

Свет1 ден

Напаѓачот на Ружди: Прочитав неколку страници од неговиот роман, го нападна исламот

Хади Матар – напаѓачот на познатиот писател Салман Ружди рече дека го почитува ајатолахот Хомеини, но не сакаше да каже...

Регион1 ден

Сопственикот на автобусот кој се преврте во Бугарија доби 99 прекршоци и казна од 30.000 евра

Во врска со сообраќајната несреќа што се случи на автопат во Бугарија на 14 август, во која учествуваше автобус од...

Регион1 ден

Курти: Имаме јасна визија, сакаме членство во НАТО

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во Брисел изјави дека Косово сака членство во воената алијанса НАТО. „Имаме јасна визија. Сакаме...

Регион1 ден

Вучиќ од Брисел: За Србија мирот и стабилноста се од клучно значење, утре ќе имаме тешки разговори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е во Брисел и денеска се обрати на заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО,...