Македонија
Со ИПА проектот БИОФОС обезбедено еколошко греење во Комуналец Битола и салата „Младост“
Во рамките на проектот БИОФОС, во петок, се одржа завршната конференција на тема „Потреба од топлинска енергија за греење и улогата на биомасата за греење на објектите во прекуграничниот регион“, во кој беа набавени мини пелет линија во вредност од 24.750 евра кои се инсталирани во ЈП Комуналец Битола, како и котел на биомаса за спортската сала „Младост“ Битола во вредност од 67.500 евра.
Проектот „ Заштита на животната средина преку промоција на биомасата како замена на фосилните горива греење и електрична енергија – Биофос започна во 2015 година и е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка и има за цел заштита на животната средина и локалните ресурси, промовирање усогласеност на националните цели и целите на Европската Унија за заштеда на енергија, примена на обновливи извори на енергија. Како партнери во истиот се јавуваат Општина Битола, општинската компанија ДЕТЕПА од Аминтео и Технолошко образовниот институт од Кожани.
На завршната конференција свое излагање имаа проф. д-р Зоре Ангелевски и проф. д-р Цвете Димитриеска од Технички Факултет Битола, како и директорот на ДЕТЕПА господинот Константинос Кириакопулос и д-р Димитрос Циамитрос од Технолошко образовниот институт од Кожани. Проектот беше реализиран од страна на менаџерскиот тим од Општина Битола Горан Неделков, Гордана Цветковска Бошевска и Слободан Бончаноски./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

