Македонија
Графолог потврди: Фатиме Сулејмани не се потпишала во Избирачкиот список

Графологот потврди дека жената која не можела да гласа во Гостивар, затоа што во графата за потпис веќе бил потпишан некој друг, со нејзиното цело име и презиме, не се потпишала, туку тоа го направил некој друг.
Во четвртокот Државната изборна комисија одлучи да повика графолог кој ќе утврди дали Фатиме Сулејмани се потпишала или тоа го направил некој друг, па графологот Марина
Софреска утврдила дека не одговараат елемените на потписот со оригиналниот, соопшти во петок, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.
Од Избирачкиот одбор, во четвртокот тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.
Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неприфатливо што овластениот претставник на СДСМ за поднесувањето на приговорите до ДИК, многу се заземал за случајот, инаку приговор поднесен од Движењето БЕСА.
Таа и денеска побара сите пет членови на Избирачкиот одбор да дојдат, што беше отфрлено со надгласување од членовите на ДИК.
Бонева очекува да се отфрли приговорот затоа што тој еден глас не влијае на резултатите од изборите. Сепак, таа напомена дека немаат начин како да утврдат како друга жена ја имала личната карта на Сулејмани и вешто го имитирала нејзиниот потпис, ако се знае дека нема пријава дека личната карта е украдена или изгубена. Што ако е била намерно дадена на друго лице?, праша Бонева.
Таа напомена дека за ваквно нешто казната е затвор до три години за членовите на изборачкиот одбор, по што рече дека пет недолжни луѓе може да завршат во затвор, за некој да рече дека има неправилности во изборите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење, ветувам силна и одлучна битка да го вратиме во рацете на кумановци“, најави Костовски

„Огромна чест ми е да бидам кандидат за градоначалник на нашето Куманово од СДСМ и коалицијата на претстојните локални избори. Му благодарам на раководството и на претседателот Венко Филипче за довербата, и на сите оние кои застанаа зад мене. Ме радува што огромен број граѓани ми ја дадоа поддршката овие денови, што е јасен сигнал дека Куманово бара промени“, напиша на социјалните мрежи, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.
„Незадоволството од локалната власт во Куманово достигна точка на вриење. Работите веќе четири години одат во погрешна насока и тоа знам дека сите вие го чувствувате и гледате. Максим Димитриевски не заслужува реизбор – ги изневери сите ветувања дадени пред граѓаните. Куманово се дави во смет и пропадната инфраструктура, се случува урбанистички хаос кој го креира Димитриевски заради сопствените бизнис интереси. Куманово во 2025 сè уште кубури со вода, а паркинг место нема ни за лек.
Димитриевски ги изневери сите кои гласаа за него. Наместо коректор на власта, стана пион на Мицкоски и тројански коњ кој треба да ја дели опозицијата и СДСМ. Човек кој ги погази сите наводни принципи и молчи пред криминалот на неговите коалициски партнери. Човек кој ведне глава пред патронот Мицкоски. Единствено нешто што Максим добро го прави тоа неговиот бизнис со оние за кои до вчера велеше дека се криминалци.
Куманово може подобро! Ветувам силна и одлучна битка да го вратиме Куманово во наши раце, во раце на кумановци. Ветувам дека ќе одам од човек до човек за да ја пренесам мојата идеја за подобра и пофункционална општина која ќе работи во интерес на сите граѓани на Куманово. Ветувам дека СДСМ во Куманово ќе се обедини и дека СДСМ ќе се врати многу силно! Одиме на победа!“, додаде тој.
Македонија
Дел од Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН – Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од Шуто Оризари место викано Пирков Рид. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода делови од Гази Баба и Кисела Вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска ( четврток) поради изведување на водоводен приклучок од ф – 80 мм на ул. Михаил и Евтихиј бр. 33 во населба Кисела Вода, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Михаил и Евтихиј. ( општина Кисела Вода).
Од таму со соопштение дека поради изведување на водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. 30 во населба Трубарево, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населба Трубарево. ( општина Гази Баба ).