Свет
САД нудат 25 млн долари за информации за водачот на IS

САД во петокот за повеќе од двојно ја зголемија својата претходно понудена награда за информации за челникот на ултрарадикалната исламистичка организација Исламска држава (IS), Абу Бакр ал-Багдади, понудувајќи 25 милиони долари за известувања кои можат да доведат до негово лоцирање, да се уапси и осудување на водачот на џихадистите.
Програмата на Стејт департментот под назив „Награда за права“ претходно понуди 10 милиони долари за информации за Ирачанецот Абу Бакр ал-Багдади, објавена во 2011 година. Повеќе од двојното зголемување на наградата за корисни информации за овој поранешен затвореник на Гвантанамо, е објавена во петокот во соопштение.
АлБагдади, чиешто вистинско име е Ибрахим ал-Самараи, пред две години се прогласи за калиф на Исламската држава, односно на нејзиниот ткн калифат кој зафаќаше големи територии од Ирак и од Сирија.
Не е познато каде во моментот се наоѓа, за кој се вели дека одамна не се појавил ниту јавно ниту пред своите соборци. Според некои информации, би можел да биде во дефакто престолнината на „калифатот“ – ирачкиот град Мосул, или западно од овој ирачки град, во близина на границата со Сирија.
Според претставниците на ирачките Курди, поради офанзивата врз Мосул. Ал-Багдади и неговите најблиски соработници постојано се во движење настојувајќи да избегнат да бидат лоцирани или заробени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Унгарија идентификува двајца украински шпиони

Унгарските безбедносни служби идентификуваа уште двајца украински шпиони, соопшти денес унгарската влада.
„Еден од двајцата идентификувани изградил врски со опозициски личности и организирал состаноци со политички и воени личности со цел да влијае на ставот на Унгарија во врска со украинскиот конфликт“, изјави владиниот портпарол Золтан Ковач, објави Ројтерс.
Друго лице, идентификувано како украински шпион, собирало разузнавачки информации поврзани со воениот и енергетскиот сектор во Унгарија, а против него е покрената кривична истрага за шпионажа.
Претходно овој месец, Унгарија протера двајца шпиони кои работеа под дипломатско покритие во украинската амбасада во Будимпешта, откако Украинската безбедносна служба (SBU) објави дека открила шпионска мрежа на унгарската воена разузнавачка служба во украинскиот регион Закарпатија, чија задача наводно била да собира податоци за воената безбедност на регионот, истражувајќи ги слабостите во копнената и воздушната одбрана, како и социо-политичките ставови на локалното население.
Свет
ЕУ ги укина санкциите против Сирија

Европската Унија одлучи да ги укине сите економски санкции против Сирија, објави високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
„Сакаме да му помогнеме на сирискиот народ да изгради нова, инклузивна и мирна Сирија. Европската Унија отсекогаш стоела покрај Сиријците во текот на последните 14 години и ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Калас.
Одлуката за укинување на санкциите беше договорена на состанок на амбасадорите на земјите-членки и потврдена од министрите за надворешни работи кои се состанаа во Брисел.
Минатата недела, САД, исто така, ги укинаа санкциите.
ЕУ воведе санкции против режимот на соборениот претседател Башар ал-Асад. Главно станува збор за санкции против сирискиот банкарски систем и забраната за продажба на оружје за кое се претпоставуваше дека Асад може да го употреби против цивилното население.
Свет
Маск потроши 250 милиони долари на Трамп: Мислам дека е доволно

Илон Маск изјави дека планира значително да ги намали политичките трошоци и е решен да остане извршен директор на „Тесла“ уште пет години, во обид да ги смири загриженостите за балансирање на неговата улога во производителот на автомобили со неговата вмешаност во администрацијата на Трамп.
Маск му помогна на Доналд Трамп на претседателските избори во САД со донации од четвртина милијарда долари и го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE) во рамките на американската администрација.
„Кога станува збор за политичките трошоци, ќе бидам многу помалку вклучен во иднина. Мислам дека направив доволно“, рече Маск денес на Катарскиот економски форум.
Неговата вклученост во политиката во последните месеци покрена сомнежи за посветеноста на највредниот производител на автомобили во светот.
„Контролата врз ‘Тесла’ остана најважниот фактор за останување како извршен директор на компанијата“, рече Маск. Тој поседува 13 проценти од акциите на „Тесла“.
На прашањето на новинарите дали планира да остане извршен директор на „Тесла“, тој одговори потврдно, додавајќи дека „воопшто нема сомнение за тоа“.
Порано овој месец, претседателката на „Тесла“, Робин Денхолм, го негираше извештајот на „Волстрит џурнал“ дека членовите на одборот контактирале со разни фирми за регрутирање на нови кадри за да најдат замена за Маск.