Црна хроника
Дедо загинал при пожар во куќа на внукот
Во неделата наутро, се запалила куќа во Битола, во која животот го загубил 80-годишен старец, вујко на сопственикот на куќата.
Како што соопшти полицијата, околу 6.30 часот во Битола на ул. „Мукос“, во куќа сопственост на Б.А.(38) настанал пожар во кој животот го загубил Ш.Ш. (80), вујко на сопственикот, кој престојувал во куќата. Во пожарот била опожарена и покуќнината.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж почина во авион пред слетување во Белград: oпшта драма на аеродромот
57-годишен маж од Македонија почина вчера за време на летот од Чикаго до Белград.
Според српски Телеграф, на патникот му се слошило за време на летот.
Персоналот му пружил прва помош, но тој не реагирал.
Кога авионот слетал, лекарите на аеродромот можеле само да ја потврдат неговата смрт, објавија српските медиуми.
фото: принтскрин
Црна хроника
Опожарено патничко возило во Батинци, нема повредени
Ноќеска околу 01:05 часот во село Батинци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Б. од Батинци.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а при инцидентот нема повредени лица. Извршен е увид, а надлежните преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете тепало дете во основно училиште во Драчево
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 21:40 часот, А.А. (43) од Скопје пријавил дека на 21.11.2025 околу 09:45 часот, во основно училиште во населбата Драчево неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

