Контакт

Политика

ЛДП: Поразително е што Македонија е на дното во регионот според висината на минималната плата

Објавено пред

Поразителен е податокот на Европската статистичка служба „Еуростат“, според кој Македонија се наоѓа на самото дно во регионот, а со тоа и во Европа според висината на минималната плата, изјави во петок на прес конференција портпаролот на ЛДП Филип Јаневиќ.

dobivaj vesti na viber

 

 

 „Податоците на ’Еуростат’ покажуваат дека минималната плата во Македонија е 131 евро , или засрамувачки, само едно евро повеќе од минималецот на Косово. Сите останати земји од регионот, Албанија(149), Бугарија(184), Србија(174) ,Црна Гора(191) и Босна и Херцеговина (191) имаат повисоки минимални плати од Македонија. Она што е поразително е тоа што минималната плата во Хрватска од 396 евра е повисока и од просечната плата во Македонија која изнесува 350 евра”, рече Јаневиќ.

 

Според него, по девет години владеење, владата изразува неспособност за обезбедување пристојни месечни примања, како и за достоинствен живот на граѓаните на Р. Македонија.

 

„Наместо денеска Македонија да се споредува со некоја западно-европска земја, ние сме “заковани“ меѓу најмизерните држави на Балканот. Ако на овие катастрофални економски последици се додадат и криминалните афери во кои тоне владата, тогаш поднесувањето колективна оставка е најпатриотскиот чин што може да го направи оваа владеачка структура“, рече Јаневиќ.

 

Тој ја повика Владата да си поднесе оставка. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет53 минути

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија1 час

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа1 час

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа1 час

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија16 часа

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...

Македонија17 часа

(Видео) Пуштен во употреба патот Градско – Дреново, доцни оти една година биле повлечени и вработените и механизацијата на „Страбаг“ 

Со врнежи снег утрово свечено во употреба беше пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 киломтери. За свеченоста, исто како и...

Регион17 часа

Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги

Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување...

Македонија19 часа

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија20 часа

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија20 часа

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија21 час

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија22 часа

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа24 часа

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет24 часа

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија24 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет1 ден

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија1 ден

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Свет1 ден

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе...

Македонија1 ден

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија2 дена

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...