Европа
Песков: Никој не може да зборува со Путин со ултиматуми

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во соопштението од понеделник испратено до светските агенции ги негира медиумските извештаи дека германската канцеларка Ангела Меркел комуницирала со претседателот Владимир Путин со ултимативен тон во контекстот на кризата во Украина.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во петокот доцна вечерта зад затворени врати во Кремљ имаа петчасовни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, откако претходно во четвртокот десет часа разговараа во Киев со украинскиот претседател Петро Порошенко. И по двете средби отсуствуваа јасни соопштенија за текот на разговорите во рамките на итната француско-германска иницијатива за постигнување мир на истокот на Украина, која беше преземена по сé позачестените најави дека САД размислуваат за испорака на ткн смртоносно оружје на украинската армија за справување со рускојазичните бунтовници во одметнатите источни региони.
Во неделата на телефонска конференција четворицата челници се договорија во ткн „нормандски формат“, во среда во белоруската престолнина Минск да се одржи заедничка средба, а во понеделник во Берлин ќе се одржат преговори на експертско ниво.
Во меѓувреме беше пренесен напис на американскиот весник The Wall Street Journal, кој се повикува на западни дипломатски кругови, во кој се истакнува дека канцеларката Меркел му поставила ултиматум на претседателот Путин.
„Веќе соопштивме за атмосферата и тонот што преовладуваа на средбата. Никој никогаш не зборувал, и не може, колкава и да е неговата желба, на претседателот да му се обраќа ултимативно“, изјави во понеделникот Песков за радиотo Говорит Москва.
Според американскиот весник, Меркел се заканила со воведување нови санкции против руските компании и проширување на листата лица чии сметки ќе бидат замрзнати во странство, доколку Русија на самитот во Минск го одбие новиот предлог. Меркел, исто така, наводно му се заканила на Путин и дека доколку го одбие мировниот план, Германија нема да го попречува планот на САД за испорака на смртоносно оружје на Украина./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин