Европа
Командантот на американските сили во Европа повика на готовност за задавање сајбер удари
Командантот на американските сили во Европа, генералот Бен Хоџес, ги повика европските земји членки на НАТО да бидат подготвени за возвратни кибернетички напади, кои ќе служат како превенција од агресија од други земји.
„Во иднина ние мораме да се потпираме на средствата за одвраќање, кога станува збор за кибернетичките напади. Тоа автоматски вклучува противнапади“, вели генералот Бен Хоџес во интервју за германскиот магазин Spiegel.
Хоџис е загрижен дека потенцијалните непријатели, како што е Русија, нема да бидат земени сериозно од Германија и другите западни земји, доколку НАТО не биде во можност за да нанесе возвратни кибернетички напади.
„По хакерскиот напад врз Бундестагот (парламентот) во средината на минатата година, на германската влада ѝ е потребен одговор, за справување со агресорот“, вели генералот. Според него, во спротивно кибернетичкиот напад врз Германија ќе се повтори.
Претходно челникот на Федералното биро за заштита на уставот (BfV), односно внатрешното разузнавање, Ханс-Георг Маасен, повторно предупреди за опасноста од кибернетички напади и пропаганда од Русија. Минатиот месец неговата агенција предупреди дека се можни такви напади, наводно од Русија, во пресрет на парламентарните избори во 2017 година.
Кон крајот на ноември, одговарајќи на овие наводи, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков коментираше дека изјавите на челникот на германското разузнавање деkа очекуваат кибернетички напади врз разни германски институции за време на претстојните избори од Русија, одговори дека Русија се соочува со хакерски напади во предизборието кои доаѓаат од Европа, вклучително и од територијата на Германија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Европа му одговори на Трамп за Гренланд
Европските лидери издадоа заедничка изјава во која се вели дека Гренланд им припаѓа на неговите луѓе и дека само Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за неговата иднина. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот врвен советник Стивен Милер во последните денови повторно го отворија прашањето за преземање на арктичката територија од страна на САД.
Изјавата доаѓа откако Трамп во интервјуа изјави дека на САД „им е потребен Гренланд“, додека Милер рече дека Гренланд „треба да биде дел од САД“ и потврди дека „никој нема да војува со Америка околу иднината на Гренланд“, што предизвика силни реакции во Европа.
Joint Statement on Greenlandhttps://t.co/ORMWHpKEJt pic.twitter.com/wu1SdF1INN
— Statsministeriet (@Statsmin) January 6, 2026
Денешната заедничка изјава ја потпишаа францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск, шпанскиот Педро Санчез, британскиот Кир Стармер и данската премиерка Мете Фредриксен.
Европа
(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват
34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач како 36-годишниот Хрват Марин Јелениќ, кој е во бегство. Низ цела Италија е започната потрага по него, јавуваат италијанските медиуми.
Убиството се случило околу 18:30 часот на паркинг резервиран за вработени во железницата. Амброзио, кој штотуку ја завршил смената, одел кон својот автомобил кога бил нападнат одзади. Тој бил смртно избоден во стомакот. Бидејќи на местото на злосторството биле пронајдени неговиот мобилен телефон, паричник и пари, истражителите веднаш ја исклучиле можноста за грабеж како мотив за нападот.
Полицијата го обезбедила местото на злосторството, а истражителите ги прегледале снимките од безбедносните камери од станицата, перонот и паркингот. Со споредување на снимките, наводниот сторител, Марин Јелениќ, брзо бил идентификуван.
36-годишникот е маж без постојано живеалиште и е познат на полицијата по претходни кривични дела и напади на други железнички станици.
Алесандро Амброзио работел како кондуктер, а бил син на поранешен железнички работник. Колегите и познаниците го опишуваат како сериозен и смирен професионалец.
Италијанската полиција верува дека убиецот избегал од местото на настанот веднаш по нападот качувајќи се на воз што се движел кон север.
Затоа, потрагата е фокусирана на возовите и станиците, со зголемени патроли и проверки на клучните железнички крстосници.
Европа
Коалиција на волните во Париз: ЕУ нуди гаранции за Украина, САД се подготвени да интервенираат
Се очекува европските земји денес да ја изразат својата подготвеност да обезбедат правно обврзувачки безбедносни гаранции за Украина, додека од САД се очекува да се обврзат на „клучна улога“ во нивното спроведување, вклучително и интервенција во случај на нов руски напад, според нацрт-заедничката декларација од состанокот на таканаречената коалиција на волните во Париз.
Коалицијата на волните, неформална група земји кои изразија подготвеност да ја гарантираат безбедноста на Украина по прекинот на огнот со Русија, се состана денес во Елисејската палата, под домаќинство на францускиот претседател Емануел Макрон.
САД во Париз ги претставуваат Стив Виткоф, претставник на Вашингтон за преговори со Москва, и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател и еден од преговарачите за мир во Украина.
Според нацрт-декларацијата, европските лидери ќе ја прогласат својата подготвеност да обезбедат „правно обврзувачки“ безбедносни гаранции за Украина. Овие гаранции би вклучувале меѓународни сили, „поддржани“ од американски ресурси.
Во документот се нагласува дека способноста на Украина да се брани е клучна за нејзината иднина, како и за пошироката евроатлантска безбедност. Исто така, се наведува дека членовите на коалицијата и САД „се подготвени да играат клучна и тесно координирана улога“ во системот на безбедносни гаранции.
Нацртот, исто така, предвидува воспоставување на „долгорочен и сигурен“ механизам за следење на спроведувањето на прекинот на огнот, со кој претседаваат САД со меѓународно учество.
Коалицијата, со поддршка од САД, се согласи да продолжи со воената помош за Украина, која во документот се опишува како „прва линија на одбрана и одвраќање“. Ова вклучува нови пакети за воена помош, поддршка за финансирање на украинските вооружени сили и обезбедување пристап до снабдување со оружје во случај на идни конфликти.
Според нацртот, сите мировни сили во Украина би биле предводени од европски земји, додека САД би придонесувале со разузнавање и логистика, а во случај на напад, со вооружени сили.

