Европа
Белгија го обвини Абдеслам за терористички убиства, тој соработува со истрагата

Салах Абдеслам, 26-годишниот главен осомничен за 13-ноемвриските терористички напади во француската престолнина Париз кога беа убиени 130 луѓе, обвинет е за „терористички убиства и за учество во активности на терористичка група“ во текот на истрагата за париските атентати, објави во саботата вечерта белгиското сојузно обвинителство, а неговиот адвокат Свен Мари изјави дека тој ќе го одбие предавањето во Франција и ќе соработува со истрагата.
„Тој соработува со белгиското правосудство, во рамките на европскиот налог за апсење според кој Франција побара негова екстрадиција, сега можам да ви кажам дека ќе го одбиеме неговото предавање на Франција“, изјави адвокатот Свен Мари, по сослушувањето на неговиот клиент Салех Абдеслам во седиштето на белгиската сојузна полиција во Брисел истакнувајќи дека неговиот клиент е притворен според белгиското правосудство.
„Прво ќе видиме дали европскиот налог за апсење е законски, а потоа ќе видиме…“, рече адвокатот. Абдеслам кој четири месеци беше во бегство, „лежи бидејќи во престрелката е ранет во ногата“, додаде Мари кој со клиентот разговарал во саботата „десет минути“.
Салах Абдеслам на почетокот од октомври бил во Германија, во камп за бегалци, каде што дошол по тројца од своите потенцијални помагачи, извести во саботата германската регионална телевизиска мрежа SWR.
Телевизијата, која се повикува на „резултатите од полициската истрага“, наведува дека Абдеслам на почетокот од октомври во Брисел изнајмил автомобил на свое име и ноќта од 2-ри кон 3-ти октомври пристигнал во Улм, на југот од Германија.
„Иследниците се сигурни дека Абдеслам управувал со автомобилот. Возилото во Улм било само еден час и истата ноќ се вратило во Белгија. Во текот на контролата во бегалскиот камп на 3-ти октомври, утврдено е дека нема тројца мажи кои ден претходно биле таму“, наведува SWR.
Иследниците на германската криминалистичка полиција BKA, во соработка со белгиската и со француската полиција, се обидуваат да утврдат дали тие тројца учествувале во нападите од 13-ти ноември, и „како и зошто“ Абделсам стапил во врска со нив, се додава во извештајот на SWR.
Истрагата покажа дека двајца од тројцата бомбаши самоубијци кои се разнесоа во близината на „Стад де Франс“ минатата есен се уфрлиле меѓу бегалците користејќи се со сириски пасоши со лажен идентитет. Тие двајца на се регистрирани на 3-ти октомври на грчкиот остров Лерос, и подоцна преку ткн балканска бегалска рута, вклучително и низ Македонија, стасале до Франција.
Белгиското правосудство подигна обвинение против Абдеслам кој во истрагата признал дека бил во Париз на 13-ти ноември 20125 година, кога беа изведени бомбашки и вооружени напади врз ресторани, кафулиња, стадионот „Стад де Франс“ и концертната сала „Батаклан“, рече Мари.
Абдеслам, кој стана најбараниот европски терорист откако успеа да избега од Франција по нападите, беше уапсен во петокот попладнето во доселеничкото бриселско предградие Моленбек, откако во судир со полицијата беше полесно ранет во ногата.
Префрлен е во притвор со уште четири лица, меѓу кои и три члена на семејството кое му дало засолниште во Моленбек, каде што израснал и живеел пред нападите. Се криел во стан на пријател на неговата мајка, наведе белгиската мрежа RTBF.
Неговиот помагач, „познат како Монир Ахмед Алаај и Амине Шукри“, кој, како и Абдеслам беше уапен во петокот во Брисел, е обвинет по истите точки од обвинението и исто така е преместен во притвор, се додава во соопштението на белгиското обвинителство.
Сопственикот на станот кој им го изнајмил и во кој се уапсени двајцата бегалци, Амид Аберкан, е обвинет за „учество во активности на терористичка група и за криење криминалци“ и исто така е притворен.
Другиот член на семејството Аберкан, Џемила М., е обвинета за „учество во активности на терористичка група и за криење на криминалци“, но „не е лишена од слобода“, наведува обвинителството. Уште една жена, Сихане А., е „пуштена на слобода и против неа не е подигнато обвинение“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.