Црна хроника
Стартува судењето за сообраќајката кај „Зебра“

Во Кривичниот суд во Скопје во понеделник се очекува да стартува судењето за сообраќајката што се случи во јули кај трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец,во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска.
Во 11 часот се очекува обвинетиот за сообраќајката, триесет и седумгодишен скопјанец, да седне на обвинителна клупа. Возачот на автомобилот „опел“ со кој беше прегазена новинарката се наоѓа во притвор.По направените анализи беше утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол и под дејство на марихуана. Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.Возачот според неофицијална верзија, ја удрил жената која била на тротоар, преку тревник и бетонски скали се забил во метална ограда и во фризерски салон. Новинарката Тодоровска Павлоска беше вработена во Македонското радио во вториот програмски сервис.Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.