Европа
The Telegraph: Како Европа реагира на победата на СИРИЗА

Грчките избори предизвикаа поделби меѓу европските лидери, но прашањето е колку од нив ќе соработуваат со новата грчка влада, која што се противи на рестриктивните мерки за штедење, пишува The Telegraph.
Во Велика Британија, Зелената партија ја оценила победата на СИРИЗА како инспиративна, а единствениот пратеник на партијата, Каролин Лукас изјави дека во Грција вистинскиот победник е надежта. Поранешниот градоначалник на Лондон, Кен Ливингстон се согласи со нејзините зборови и додаде дека „огромната поддршка за СИРИЗА во Грција е искрено инспиративна и неопходна, и тоа бара солидарност и поддршка“.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, сепак, зазема поостра позиција, предупредувајќи дека гласањето ќе ја зајакне економската несигурност во Европа.
Резултатот предизвика тревога и во Германија, а владејачката Христијанско демократска унија (CDU) инсистира на тоа дека Грција треба да се придржува кон рестриктивната програма и најава дека нема да биде склона на компромиси со новата владејачка партија. Германската канцеларка Ангела Меркел сè уште не го искоментирала резултатот од изборите.
Директорот на Бундесбанк, Јенс Вајдман изрази надеж дека новата грчка влада нема да прави ветувања кои не може да ги исполни и кои земјата не може да си дозволи, додавајќи дека сè додека Грција не ги среди сметките во јавните финансии, секоја промена во должничката програма ќе има краткорочно влијание./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на околу 40 километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербер, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дронови влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава
фото: принтскрин
Европа
НАТО: Упадот на руските дронови во Полска не го третираме како напад

Ројтерс објави дека полските авиони Ф-16, холандските Ф-35 и италијанските авиони за надзор АВАКС учествувале во операцијата за заштита на полскиот воздушен простор во текот на ноќта.
Според извори на НАТО, инцидентот во моментов не се третира како напад. Алијансата, исто така, потврди дека руските беспилотни летала биле забележани од системите Патриот на радарот, но не отвориле оган.
Ројтерс потсетува дека ова е прв случај во кој Полска соборила руски беспилотни летала на сопственото небо.
Премиерот Доналд Туск го нарече настанот „чин на агресија“, додека Европската унија рече дека ова е најсериозното кршење на европскиот воздушен простор откако започна руската инвазија на Украина.
фото: принтскрин