Регион
Путин и Вучиќ поддржуваат дијалог за стабилност во регионот
Русија и Србија ги усогласија решенијата за брзиот развој на односите и го поддржат политичкиот дијалог за мир и стабилноста во балканскиот регион, порачаа по средбата во Москва во четвртокот рускиот претседател Владимир Путин и српскиот премиер Александар Вучиќ.
Со разговорот со Путин заврши посетата на Вучиќ на Русија, а по седбата на делегациите на двете земји, рускиот претседател и српскиот премиер имаа разговор „во четири очи“. Детали од таа средба не се објавени.
„Свесен сум дека светската економија се наоѓа во лоша состојба, но , без разлика на тоа, економската соработка со Србија е добра“, изјави Путин за новинарите по работната средба со српската делегација и премиерот Вучиќ.
„Русија и Србија го поддржуваат политичкиот дијалог во цела низа прашања, а особено внимание е посветено на поддршката на мирот и стабилност во балканскиот регион, Двете земји водат традиционално активен политички дијалог, кој опфаќа широк дијапазон прашања од билатералната соработка и меѓународната проблематика“, соопшти подоцна Кремљ.
По средбата со рускиот челник, Вучиќ пред новинарите не сакал да открива поединости од разговорот, образложувајќи дека тој бил „во четири очи“. Според белградските медиуми, пак, рекол дека со Путин договориле пониска цена на рускиот гас за Србија, откако претходни беше потпишан меморандум за проширување на складиштата за гас на Банатски Двор.
Иако претходно беше објавено дека Вучиќ и Путин ќе разговараат и за набавка на руско оружје за српската армија, по средбата во четвртокот не беа соопштени повеќе детали за оваа тема. Вучиќ само потврдил дека со Путин е зборуван за соработка во воената индустрија, и истакнал дека Србија ќе работи на ремонт на руските хеликоптери кои ќе бидат префрлувани од Полска и Чешка, што за Србија ќе значи „нови работни места“.
„Ние ќе бараме уште стручњаци и веројатно ќе вработиме голем број луѓе во нашата земја кои ќе работата на ремонтот на руските хеликоптери. Тоа е важна економска вест за нашата земја“, рекол српскиот премиер за новинарите.
Во медиумските извештаи се истекнува дека ова беше трета средба на српскиот премиер со шефот на руската држава во последните 15 месеци./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

