Европа
Информатички напад предизвика прекин на струјата во Украина, првпат во светот

Информатички напад врз украинската електрична мрежа предизвикал кон крајот на декември голем прекин на електрична енергија во западна Украина, изјавија во вторникот за AFP од компанијата за информатичка безбедност ESET и повеќе локални извори.
Информатички напад врз украинската електрична мрежа предизвикал кон крајот на декември голем прекин на електрична енергија во западна Украина, изјавија во вторникот за AFP од компанијата за информатичка безбедност ESET и повеќе локални извори.
„Ова е прв таков случај во светот“, рекле претставници на француската компанија за информатичка безбедност ESET.
„Вирусот е уфрлен голема кампања ’psihing’ којашто содржи заразен документ во Ексел“, изјавиле од ESET која го открила нападот откако нејзините стручњаци со месеци го следеле вирусот.
На 23-ти декември голем дел од областа Ивано-Франквиск во западна Украина потонал неколку часови во темница, соопшти тогаш тамошната компанија за дистрибуција на електрична енергија „Прикарпатијаобленерго“. Прекинот е предизвикан со „интервенција на неовластени лица (…) во системот за далечинско управување“, па техничарите повторното напојување морале да го воспостават „рачно“, додаде компанијата.
Извесен период подоцна Службата за национална безбедност на Украина (СБУ) соопшти дека открила „штетни програми на мрежите на неколку подрачни електрични компании“.
„Откриен е вирус кој никогаш претходно го немавме сретнато (….). Тој вирус ја предизвикал штетата. Автоматски работата се прекинала, компјутерите се угасиле“, потврдил во вторникот за AFP доброизвестен украински извор кој сакал да остане анонимен.
„Ја продолжуваме истрагата за овој случај. Засега не можеме да кажеме кој тоа го сторил и поради што“, изјавила Марија Римар, портпаролка на одделот на СБУ за областа Ивано-Франквиск.
Експертите на ESET мислат дека напаѓачите ја користеле програмата позната како BlackEnergy за да ја уфрлат штетната програма KillDisk којашто „содржи функции за саботирање на индустриските системи“. „Овој напад само го потврдува она на што предупредуваа стручњаците: компјутерските криминалци се сé помоќни, а компјутерските напади во 2016 година ќе бидат сé побројни“, оценуваат во француската компанија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на руската војска: Напредуваме на сите фронтови

Руските сили напредуваат во речиси сите правци во конфликтните зони во Украина, изјави вчера началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.
Најинтензивните борби се водат кон Красноармејск, изјави Герасимов на состанокот со воените команданти во борбената зона.
Според него, руската западна армија развива офанзива во близина на Купјанск, а напредувањето успешно се одвива во насока на Краснолиман, каде, како што тврди, „градот Кировск ќе падне под руска контрола“.
Руските војници влегоа во селото Јампол, каде што продолжуваат со борбените операции, а непријателот, според него, е целосно протеран од шумските области на Серебрјанск.
„Напаѓачките единици на јужната група напредуваат во селото Северни. На правецот Александро-Калиновски се водат борби во близина на Константиновка, нашите единици влегоа во Плешчеевка. Уништувањето на непријателот блокиран јужно од резервоарот Клебан-Бик продолжува“, рече Герасимов.
Тој додаде и дека групата Восток ја развива својата офанзива во регионите Дњепропетровск и Запорожје.
Конечно, тој им додели награди на војниците кои, според руските тврдења, се истакнале за време на борбените операции.
фото: принтскрин
Европа
Гранатирање кај најголемата нуклеарна централа во Европа, се крева црн чад; МААЕ издаде предупредување

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) извести за ново гранатирање во близина на нуклеарната централа „Запорожје“, најголемиот таков објект во Европа под руска окупација, објавува „Киев индипендент“.
„Она што некогаш беше практично незамисливо – гранатирање или друга воена активност што се одвива во близина на големите нуклеарни објекти – стана редовна појава за време на оваа ужасна војна“, рече генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.
Набљудувачите на МААЕ на теренот видоа „црн чад што се издигаше од три блиски локации“ по гранатирањето. Раководството на централата, кое беше формирано од Русија, ѝ соопшти на агенцијата дека артилериските гранати паднале на речиси 400 метри од складиштето за дизел-гориво, што се наоѓа надвор од самата централа.
Агенцијата не ја припиша одговорноста на ниедна страна, иако Москва ја обвини Украина за нападот.
Нуклеарната централа Запорожје, која се наоѓа во окупираниот град Енергодар, произведуваше околу 20 % од електричната енергија на Украина пред руската инвазија. Руските сили ја окупираа во март 2022 година.
МААЕ со месеци предупредува за сериозните ризици од нуклеарна несреќа велејќи дека Русија ја користи централата за да изврши притисок врз Украина и нејзините меѓународни партнери. Според извештаите, московските сили стационирале војници и опрема во објектот и редовно го гранатираат околното подрачје.
Русија тврди дека електраната е нејзина сопственост како дел од нелегалната анексија на Запорошката област и наводно гради нови далноводи за да ја поврзе со сопствената енергетска мрежа.
фото: принтскрин
Европа
Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен излезе од затвор

Главниот осомничен за исчезнувањето на Медлин Мекен е ослободен од германски затвор, каде што издржувал казна за неповрзано кривично дело.
Кристијан Брикнер бил изнесен од затворот од својот адвокат. Не бил виден во автомобилот, но полицијата потврдила дека го напуштил затворот „Зенде“.
Брикнер бил осуден за силување постара жена во португалскиот град Праја да Луз во 2005 година и ќе носи електронска белезица за следење по неговото ослободување од затворот „Зенде“ во близина на Хановер.
48-годишниот германски државјанин никогаш не бил обвинет за никакво кривично дело поврзано со случајот на Мекен. Тој негира каква било вмешаност.
Медлин исчезнала во португалското одморалиште Праја да Луз во 2007 година. Таа и нејзините браќа и сестри биле оставени да спијат во апартманот додека родителите Кејт и Гери отишле во близок ресторан.
Исчезнувањето на Медлин стана еден од најпознатите нерешени случаи на исчезнати лица во светот.
Германските обвинители посочија докази, вклучително и податоци од мобилен телефон, што укажуваат дека Брикнер можеби бил во близина кога таа исчезнала и постојано тврдат дека тој е одговорен.
Сепак, тие не пронајдоа доволно докази за да поведат обвинение.
фото: принтскрин