Црна хроника
Две години затвор за битолскиот актер Сашо Огненовски
Познатиот битолски актер во Народниот театар од Битола, Сашо Огненовски, со неправосилна пресуда, од Основниот суд во Битола е осуден на две години затвор за кривично дело измама, објави телевизија ТЕРА.
Со пресудата на Основниот суд, Огненовски е задолжен да им ги врати парите на оштетените вработени во Народниот театар, кои ги имаше ангажирано како жиранти, а кои мораа наместо него да ги враќаат кредитите во банките.
Сашо Огненовски не ја прими пресудата на Основниот суд Битола, бидејќи тој веќе неколку месеци се наоѓа во САД.крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Млад скопјанец предизвика две сообраќајки бегајќи од полицијата, со себе носел марихуана
Две сообраќајни незгоди предизвикал 26-годишен скопјанец кој не сакал да застане на даден знак од полициските службеници.
Момчето, со иницијали К.Ј. управувајќи пунто, синоќа по полноќ, бегајќи од полицијата удрило во два автомобили управувани од 26 и 23-годишни лица кои се здобиле со полесни повреди.
К.Ј. не застанал ни по судирот. Продолжил за вози пришто удрил во „дачија“ и направил материјална штета, соопшти МВР.
Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од Министерството во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец најден починат во „бмв“ на паркинг
Вчера на паркинг во Гази Баба, во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.Ќ.(54) од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид.
Црна хроника
При претреси во Скопје пронајден амфетамин
Денеска во 10.15 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на З.В.(34) во с.Волково, скопско.
Тој претходно на подрачјето на Центар бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож, а при претресот исто така биле пронајдени и одземени амфетамин и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, ќе следува кривична пријава по чл.215 од КЗ.
На 25.12.2024 во 16.20 часот од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во домот на Р.П.(40) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба, при што биле пронајдени и одземени амфетамин, дигитална вага и нож.
Тој бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по чл.215 од КЗ на РСМ.