Регион
БиХ: Уапсени шест лица кои тргнале во војна во Сирија

Босанската полиција уапси шест лица кои тргнале кон Сирија, за да им се придружат на џихадистите на Исламската држава и да учествуваат во воениот судир.
Станува збор за припадници на радикални исламски движења кои биле уапсени на подрачјата на Унско-санскиот кантон, Маглај, и Кантонот Сараево.
Осомничени се за кривични дела финансирање на терористички активности, организирање на терористички групи, формирање и придружување на странски паравоени или параполициски формации.
Уапсени се по налог на обвинителот од Посебното оделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, а акцијата ја извеле припадници на Агенцијата за истрага и заштита и граничната полиција во соработка со Разузнувачко-безбедносната служба.
Дел од нив биле лишени од слобода на граничните премини на подрачјето на Унско-санскиот кантон, а меѓу нив имало и лица за кои постојат докази дека се организатори на незаконско заминување на државјани на БиХ во Сирија.
Од Обвинителството е соопштено дека за сега не можат да дадат повеќе информаци и детали за овие апсења. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.