Црна хроника
Двајца штипјани се степале во Берово и завршиле во болница

Две лица од Штип се степале пред угостителски објект во Берово во саботата изутрината, при што се здобиле се видливи повреде и биле однесени во болницата во Кочани.
Инцидентот се случил околу 03,05 часот во Берово пред локалот „Лајф’’ кога настанала тепачка меѓу Р.К.(25) и И.Т.(30) од Штип во која двајцата се здобиле со видливи повреди по лицето и главата.
На лицата им е укажана лекарска помош во Здравствен дом Кочани, при што кај Р.К. се констатирани повреди во вид на набиеница на градниот кош и главата и поради карактерот на повредите ќе биде задржан на лекување во Кочани, а И.Т. се здобил со тешки телесни повреди (скршеница и посекотина на носот) и по санацијата на повредите е пуштен на домашно лекување.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Денеска на ул. “Св.Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода М.Ш.(36) од Битола.
Тој претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница, соопшти полицијата.
Црна хроника
Жена ограбена во Ѓорче Петров

Шеесет и петгодишна жена била ограбена во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот
Црна хроника
Насилници уценувале девојче од Скопје – им дала 25.000 евра за да не го нападнат брат ѝ

Девојче од Скопје било уценувано од неколку соученици дека ако не им даде пари, ќе го нападнат нејзиниот брат кој има здравствени проблеми. На тој начин, девојчето од дома земало и им дало на насилниците 25.000 евра.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари.
Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.