Македонија
По прегласувањето во Теарце, мандатите остануваат непроменети

До 19 часот во понеделник, Државната изборна комисија треба да ги соопшти официјалните резултати од предвремените парламентарни избори, 24 часа од завршувањето на повтореното гласање.
Во меѓувреме, партиите имаат право на приговори до ДИК во рок од 48 часа од објавувањето на првичните резултати, а ДИК е должна да одлучи по нив во рок од 48 часа по приемот.
Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба и до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа од приемот.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски, во неделата изјави дека новите пратеници своите уверенија за добиените мандати треба да ги добијат најдоцна 28 декември во среда и тоа за сите пет изборни единици, како и за осигураните мандати во шестата изборна единица, доколку нема приговори.
На прес-конференцијата тој ги соопшти резултатите од вчерашното прегласување во Теарце и симулацијата за вкупниот број освоени мандати.
Заедно со уверенијата ќе биде доставен и комплетниот извештај за спроведените избори. По верификација на мандатите се очекува да се одржи Конститутивна седница на новиот парламентарен состав, по што претседателот на државата ќе му го довери мандатот за формирање новата влада, која ќе биде коалициска, бидејќи ниту една партија сама нема освоено 61 пратеник.
Откако мандаторот ќе го предложи составот на новата влада и ќе покаже дека има мнозинство, на 16 февруари во Собранието треба да се гласа новата влада, за која треба да гласаат мнозинство од вкупниот број присутни пратеници
Вчерашното гласање во избирачкото место во Теарце не донесе промена на бројот на мандати. Вчера СДСМ освои повеќе гласови, 245, наспроти 149 на ВМРО-ДПМНЕ, но бројто на мандатите останаа непроменети: 51 за ВМРО ДПМНЕ, 49 за СДСМ, 10 за ДУИ, 5 за Беса и 2 за ДПА./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

Вчера во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата спроведе засилена акција, со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што се преземени вкупно 51 мерка.
Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од униформиран полициски службеник.
Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци.
За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци.Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и осум патнички возила.
Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска го критикуваше кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, обвинувајќи го за низа спорни постапки и поврзаност со, како што рече, старата матрица на владеење.
Петрушевски потсети дека Костовски, како директор на Службен весник, го објавил Законот за двојазичност без потпис на претседателот на државата, што претставува директно кршење на Уставот. Тој додаде и дека за таа постапка постои кривична пријава.
На прес-конференцијата беа спомнати и наводни сомненија за политички пазар околу францускиот предлог, со вработување на сопругата на Костовски во МНР. Петрушевски го обвини кандидатот и за насилен инцидент од 2017 година кога во алкохолизирана состојба нападнал учесник на протест, и праша како со државна плата започнал изградба на зграда во центарот на Куманово, која потоа била стопирана поради неправилности.
„Куманово не смее да падне во рацете на човек со вакво минато. Куманово заслужува чесност, отчетност и визија – работи кои Мартин Костовски не може да ги понуди“, изјави Петрушевски.
Македонија
Шукова: ВМРО-ДПМНЕ ја урна куповната моќ – граѓаните се борат за еден оброк, власта се луксузира

Животниот стандард никогаш не бил полош, граѓаните имаат се’ помалку за живот. За 20 отсто е намаена куповната моќ на граѓаните- односно за 20 проценти помалку работи можат да купат сега отколку пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт, истакна на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Шукова нагласи дека платите не растат, а цените секојдневно одат нагоре.
„Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата, само Албанија има пониска минимална плата од Македонија. 70 проценти од вработените во Македонија живеат со плата под 500 евра“,рече Шукова, додавајќи дека средната класа исчезнува, а младите заминуваат бидејќи нема перспектива.
„Ова е реалноста што ВМРО ДПМНЕ сака да ја сокрие – релност во која граѓаните се борат за еден оброк, додека власта се луксузира, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа“, нагласи Шукова.
Притоа, потпретседателката Шукова порача дека СДСМ ќе продолжи да се бори за стабилна економија, за вистински економски мерки и реформи, за држава атрактивна за инвестирање, за економија што носи нови работни места и подобар живот за сите граѓани.