Црна хроника
Најмалку пет лица повредени во сообраќајка на патот Кичево-Демир Хисар

Најмалку пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во сабота попладне на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар.
Најмалку пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во сабота попладне на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар.
Околу 13.45 минути на патот Кичево-Демир Хисар меѓу селата Сопотница и Жван на местото викано Крбла се случи сообраќајна незгода меѓу автобус со скопски регистраски таблици која сообраќал на релација Кичево-Демир Хисар и товарно возило со приколка кое се движело во правец од Демир Хисар кон Кичево, објави телевизија Тера.
Според СВР Битола досега се повредени пет лица странски државјани, но бројката не е конечна.
Екипите на СВР Битола се на терен и вршат увид додека повредените се пренесени во битолската Клиничка болница./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница

Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.