Црна хроника
МО и АРМ: Комисијата утврди дека се испочитувани сите процедури за трикратното убиство во Злетово

Комисијата за испитување на трикрактното убиство коешто го изврши професионален војник утврдила дека се испочитувани сите процедури од страна на институциите, соопштуваат од Министерството за одбрана по прес конференцијата на СДСМ кои побараа политичка одговорност од институциите.
„Министерот за одбрана, Зоран Јолевски презеде дополнителни мерки и веднаш по трагичниот настан издаде налог за формирање на Комисија за испитување на комплетниот случај – почитувањето на правилата и прописите во Армијата на Република Македонија и севкупните околности во однос на случајот. Според првичните резултати од работата на Комисијата, утврдено е дека сите пропишани стандардни оперативни процедури и правила се доследно испочитувани. Министерството и Армијата даваат целосна поддршка на напорите на Владата на Република Македонија за ревидирање на Законските одредби во кои се опфатени повеќе институции, во делот на употреба на огненото оружје“, се вели во реакцијата на Министерството./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.