Регион
Албанскиот претседател Нишани не го потпиша новиот закон за територијална поделба

Албанскиот претседател Бујар Нишани не го потпиша новиот Закон за територијана поделба на Албанија и го врати назад за расправа во Собранието.
Овој закон кој е спорен и за Македонците во Албанија, не доби зелено светло и се очекува наскоро за него повторна дебата во албанскиот законодавен дом.
Ова е четврт закон кој не добива зелено светло од страна на претседателот во последната седмица , и покрај тоа што Собранието со мнозинство на левицата ги усвои законите од сферата на полицијата, како и новата територијална поделба.
Но само триесетина минути по објавувањето на веста дека претседателот не го потпиша законот, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека декретот на претседателот мнозинството ќе го собори повторно и ќе го донесе законот.
Сепак албанската опозиција и малцинствата во Албанија очекуваат дека Рама не ќе може така лесно да го изгласа законот за кој против е опозицијата, здружението на албанските општини, како и малцинствата кои тврдат дека законот ги дискриминира.
Македонците во Албанија ја поздравија одлуката на претседателот Нишани и искажаа верба дека ќе има разбирање да дојде до промена на одредени решенија, особено во делот на основањето на општините каде малцинствата се во мнозинство, што се гарантира и со меѓународните конвенции.
Претставниците на Македонската Алијанса за Европска Интеграција нагласија дека ќе ја поддржат и опозицијата во насока на примена на решенијата во понудениот закон за да останат општините каде Македонците се во мнозинство. Ако, пак, повторно Социјалистите кои се на власт го усвојат законот, тогаш има и уставен суд наведуваат тие.
Од друга страна, грчкото малцинство во Албанија најавува и референдум ако нема промени во новиот закон во интерес на малцинствата. И претставниците на македонските невладини организации искажаа задоволство од одлуката на Нишани и веруваат дека оваа е голема победа на правдата. Претставниците на здружението Илинден од Тирана оценуваат дека Владата сега ќе ги има предвид и правата на малцинствата .
Сепак албанските аналитичари не се оптимисти кога е во прашање промената на понудениот закон кој се врака назад на расправа од страна на претседателот на државата. Тие оценуваат дека мнозинството составено од левицата во Собранието и Владата во Тирана цврсто се решени да нема промени во законот за административно-територијалната поделба во Албанија ./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.