Црна хроника
Заталкани куршуми паднале на балкон и во двор во Гази Баба
Заталкани зрна од истрели од огнено оружје пронајдени се во саботата попладне на две локации во скопската населба Гази Баба.
Околу 18,00 часот во полициската станица во Гази Баба, едно лице пријавило дека на улицата „Антон Попов“, поточно на терасата имало паднато залутано зрно. Петнаесет минути претходно во истата станица, Д.Д.(48) од Скопје, пријавил дека во дворот на кровот на паркирано возило „Рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија имало залутано зрно од непозната марка. Увид на лице место извршила увидна екипа по што истото е подигнато за понатамошна постапка. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.