Компании
Моја банка – мобилно банкарство на Охридска банка Сосиете женерал
Охридска банка Сосиете Женерал продолжува да ја збогатува понудата на дигиталните услуги и ја воведува најновата услуга во своето портфолио, Моја Банка – Мобилно банкарство достапна за сите клиенти.
Моја Банка е напредна, високо безбедна и интерактивна апликација достапна на македонски, албански и англиски јазик што може да се инсталира и користи преку мобилен телефон и таблет. Преку апликацијата Моја Банка, клиентите добиваат можност на брз, едноставен и безбеден начин во секое време да ја следат состојбата на сите свои сметки во Банката, на своите картчки, кредити и депозити и да прават трансакции. Исто така, клиентите ја добиваат можноста да вршат плаќања на сите режиски трошоци, да извршуваат интерни плаќања и плаќања на други сметки, конверзија од една во друга валута, преглед на курсна листа, да прават информативни пресметки за кредити и депозити, да ги лоцираат експозитурите и банкоматите и да добијат контакт информации на Банката.За да ја користат услугата Моја Банка, сите постоечки и нови клиенти на Охридска банка Сосиете Женерал треба да ја симнат апликацијата достапна преку Google Play Store за Android (верзија од 4.2 па натаму) или Apple App Store (верзија 6.0 па натаму) и да потпишат договор во најблиската експозитура на банката.„Имаме слух за клиентите кои пред се ја вреднуваат безбедноста и олеснувањето на нивниот пристап до банкарските услуги од секаде. Исто така имаме големо разбирање за брзиот и динамичен начин на живот на нашите клиенти и затоа креирањето на Моја Банка е нашиот придонес за нашите корисници за поедноставно и безбедно секојдневно работење со банкарските сметки што ќе им заштеди време и ќе им овозможи извршување на повеќе банкарски операции и тоа во било кое време и место, користејќи ги нивните мобилни уреди. Охридска банка Сосиете Женерал се грижи за секој свој клиент независно дали клиентот се наоѓа во експозитура или пристапува преку мобилен уред со што ја потврдуваме определеноста за одржување и унапредување на квалитетот на услугите обезбедувајќи беспрекорна грижа за нашите корисници”, изјави Стефан Туати, член на Управниот одбор и директор на продажба на население, маркетинг и комуникации. Со оваа услуга, Охридска банка Сосиете Женерал уште еднаш ја докажува својата посветеност кон креирање и воведување иновативни услуги за своите клиенти кои ќе им овозможат едноставни, брзи и безбедни банкарски решенија.//крај/мф/ст
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)