Европа
Украина попушта околу рускиот хуманитарен конвој
Украина во средата по повеќете контрадикторни изјави бјави дека дека може да прифати рускиот конвој од 287 камиони со хуманитарна помош да може да влеза на украинска територија преки премин кој го контролираат проруските бунтовници во близина на градот Луганск, кој е изложен на артилериски напади на украинската армија, по процените дека хуманитарната ситуација во овој град е на границата на хуманитарна катастрофа.
Украина во средата по повеќете контрадикторни изјави бјави дека дека може да прифати рускиот конвој од 287 камиони со хуманитарна помош да може да влеза на украинска територија преки премин кој го контролираат проруските бунтовници во близина на градот Луганск, кој е изложен на артилериски напади на украинската армија, по процените дека хуманитарната ситуација во овој град е на границата на хуманитарна катастрофа.
Конвојот може да го мине граничниот премин во близина на Луганск, ако го прегледаат украински цариници и претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти портпаролот на украинскиот претседател Петро Порошенко, Свјатослав Цехолко. Источниот регион Харков го контролираат владините сили, додека премините кон Луганск ги контролираат бунтовниците.
Според тоа, Киев се откажал од своето првично барање дека рускиот конвој мора да мине во близина на Харков откако товарот ќе биде претоварен во возила на Меѓуанродниот комитет на Црвениот крст (ICRC). Меѓутоа, уште во вторникот навечер руското министерство за надворешни работи објави дека допило допис од украинските колеги кои се согласуваат да започне испораката на хуманитарната помош, откако биле задоволени сите украински барања, додека Киев се откажал од претоварот на товарот во други камиони, поради тоа што се работи за огромно количество и неможноста Црвенито крст да изнајми толку возила, како и зголемувањето на цената на хуманитарната акција. За возврат беше договорено во секое возило да има по претставник на Украина, на ОБСЕ и на Црвниот крст.
Претходно во средата и покрај постигнатиот договор, министерот за внатрешни работи Арсен Аваков на својот Facebook профил објави дека рускиот конвој нема да биде пропуштен во Украина, нарекувајќи го провокација на „циничниот агресор“. Премиерот Арсениј Јаценјук, пак, на седницана владата рече дека Украина ќе ја прифати руската хуманитарна помош само преку Црвениот крст.
Но откако се јавија сомнежи дека украинската страна прави намерни препреки за испораката на неопходно потребната помош на населението коешто повеќе од десет дена е без електрична енергија, вода и лекови, а потрошени се и резервите на храна и на гориво, најверојатно реши да се придржува до договорот од вторникот.
Портпаролот на Порошенко, меѓутоа, без да се осврне на податокот дека прашањето на претоварот на товарот беше дефинирано меѓу дипломатиите на двете земји, во средата навечер изјави дека Москва одбила да ја претовари хуманитарната помош во камиони на Црвенито крст на границата и да дозволи да ја испорача само персонал на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Портпаролот на ICRC прецизираше дека помошта треба да биде дистрибуирана само во Луганск, каде што според неговата изјава повеќе од 200 илјади цивили без вода и струја се веќе 11-ти ден.
Киев и Запад сметаат дека влегувањето на рускиот конвој во Украина би можел да претставува прикриена воена акција за да се помогне на проруските бунтовници во источниот дел од земјата, коишто според западните медиуми ја губат територијата. И Цехолко изјави дека „директна инвазија под изговор на испорака на гуманитарна помош е можно сценарио“.
Западните медиуми притоа шпекулираат дека хуманитарниот конвој „како што се верува“ најверојатно тргнал од воена база јужно до Москва. Руските државни медиуми известија дека конвојот го напуштил градот Воронеж и се упатил во регионот на Белгород кој се граничи со регионот на Харков./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германски министер: Дроновите во Белгија се порака да не се допираат замрзнатите руски средства
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес посочи врска помеѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дебатата за користењето на замрзнатите руски средства што ги поседува белгиската финансиска институција „Еуроклеар“ за финансирање на огромен заем за Украина.
Појавата на беспилотни летала над аеродромите и воените бази стана чест проблем во Белгија во последните денови и предизвика големи нарушувања низ цела Европа во последните месеци. Некои официјални лица рекоа дека инцидентите низ Европа претставуваат „хибридна војна“ на Русија. Москва негираше каква било поврзаност со инцидентите.
„Да, сите го гледаме тоа. И Белгијците исто така. Оваа мерка има за цел ширење несигурност и заплашување на Белгија: Не се осмелувајте да ги допирате замрзнатите средства. Ова не може да се толкува на друг начин“, им рече Писториус на новинарите на прес-конференција во Берлин.
Белгиското Министерство за одбрана одби да коментира неговите изјави, но рече дека „оваа можност веќе е покрената во Белгија“. Белгискиот премиер Барт де Вевер рече дека на неговата земја ѝ се потребни конкретни и цврсти гаранции пред да спроведе план за користење на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина во борбата против руската инвазија.
Ставот на Белгија е клучен бидејќи белгиската финансиска институција Евроклер држи замрзнати руски средства. Белгискиот аеродром во Лиеж ги продолжи летовите откако привремено го прекина сообраќајот во понеделник поради забележан дрон, втор ваков инцидент оваа недела.
Дроновите забележани над аеродромите во главниот град Брисел и источниот град Лиеж пренасочија бројни летови и приземјија некои авиони што требаше да полетаат пред три дена. Белгиската влада вчера свика итен состанок на клучните министри и шефови на безбедносни служби за да разговараат за она што министерот за одбрана го опиша како координиран напад.
фото: принтскрин
Европа
Данска ќе ги забрани социјалните мрежи за децата под 15 години
Данска ќе ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години, соопшти денес данската влада, но родителите ќе можат да дадат согласност за пристап до одредени платформи за деца на возраст од 13 години и повеќе.
Овој потег доаѓа откако премиерката Мете Фредериксен во говорот пред парламентот во октомври повика на ограничувања за користењето на социјалните медиуми од страна на децата поради загриженост за менталното здравје на младите. „Таканаречените социјални медиуми сè повеќе им го крадат времето, детството и благосостојбата на нашите деца, и ние сега ставаме крај на тоа“, изјави министерката за дигитализација Каролин Стејџ Олсен.
Повеќето партии во парламентот изјавија дека ќе го поддржат планот пред официјалното гласање. Snapchat, YouTube, Instagram и TikTok се најпопуларните платформи на социјалните медиуми за деца во Данска, соопшти владата.
Според анализата од февруари на Данскиот орган за конкуренција и потрошувачи, младите луѓе во нордиската земја поминуваат просечно 2 часа и 40 минути дневно на социјалните медиуми. Данска ја следи Австралија, која минатата година ги забрани социјалните медиуми за деца под 16 години.
фото: принтскрин
Европа
Зеленски: На Украина ѝ е потребна меѓународна помош за заштита на енергетската инфраструктура
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади.
Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“.
„Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на областите по нападите секој ден“, рече Зеленски, апелирајќи за помош од меѓународната заедница.
Четврта зима од војната
Додека војната влегува во својата четврта зима, руската војска повторно систематски ги гранатира електраните и трафостаниците за да го прекине снабдувањето со електрична енергија, греење и вода на украинското население.
Укренерго соопшти дека во четврток повторно се планирани фазни прекини на електричната енергија низ целата земја за да се стабилизира мрежата.
фото: принтскрин

