Европа
Чуркин: Порошенко сака да го минира договорот од Минск
Барајќи меѓународни сили за одржување на мирот, украинскиот претседател Петро Порошенко всушност сака да ги минира договорите од Минск, изјави во четвртокот рускиот амбасадор во Обединетите нации, Виталиј Чуркин.
„Во Минск на 12-ти февруари беше постигнат договор. Според овој договор, републиките (самопрогласени – з.р) Донецк и Луганск, ќе се формираат свои милиции. Надзорот на зоната на раздвојувањето ќе го спроведува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Доколку веднаш се истакнуваат некакви поинакви шеми, се поставува прашањето дали ќе се исполнуваат договорите од Минск, или не“, рече Чуркин.
„Кога некој, наместо да го спроведува тоа што е договорено, ветува некоја нова шема, тоа доведува до сомневање дека сака да ги минира договорите од Минск. Тие договори се склучени. Доколку веднаш се предлагаат нови шеми, се поставува прашањето дали тие (договорите) ќе бидат или нема да бидат испочитувани“, додаде постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Виталиј Чуркин.
Украинскиот претседателот Петро Порошенко изјави во средата навечер дека неговата земја ќе побара распоредување на полициски сили од Европската унија со мандат на ОН поради контролирање и зачувување на мирот во одметнатиот рускојазиен исток на Украина.
„Полициските сили на Европската унија ги сметаме за најдоброто решение (…) коишто ќе гарантираат безбедност, во моментите кога примирјето не го почитуваат ниту Русија ниту оние кои ги подржува“, изјави украинскиот Петро Порошенко на почетокот од седницата на Советот за национална безбедност и одбрана посветена на состојбата со почитувањето на прекинот на огнот во источна Украина, според договорот од 12-ти февруари во Минск од страна на четворицата челници на Украина, Русија, Франција и Германија.
Оваа изјава доаѓа откако во средата рускојазичните бунтовници ја преземаа контролата врз стратешки важниот град Дебалцево од кој се повлече украинската војска којашто беше речиси цел месец во целосно опкружување, неколку дена по стапувањето на примирјето за источна Украина.
„По одлуката којашто, се надевам, ќе биде донесена денеска, ќе започнеме официјални консултации со нашите странски партнери во таа смисла“, додаде Порошенко.
Украинскиот претседател рече дека во Минск пред една седмица го отворил тоа прашање на преговорите со своите колеги од Русија, Франција и Германија. „Тоа го споменува (…) на преговорите во Минск, насетувајќи дека договорот од Минск нема да биде почитуван“, рече Порошенко./крја/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.