Контакт

Компании

Финансиски стабилно, профитабилно и современо работење со надградена стратегија на групацијата Триглав

Објавено пред

Групацијата Триглав ги објави во средата стратегијата за периодот 2017-2020 година и деловниот план за 2017-та година. Преку своите вредности, мисијата и стратешките цели го зацрта својот пат да биде современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која што цврсто ја држи водечката позиција во Словенија и во регионот. Визијата на Групацијата предвидува динамично развивање на нови начини на работење, како основа за одговорен долгорочен развој на компанијата, а воедно да работи профитабилно и безбедно.

dobivaj vesti na viber

Мисијата на групацијата Триглав и до 2020-та година останува градење безбедна иднина за своите акционери. Дополнително, водечката осигурителна и финансиска групација во ЈИ Европа ќе биде посветена на одговорен и одржлив развој. Повеќе од 5000 посветени вработени, кои се темел на имплементирањето на визијата и стратешките цели, се поврзани со заедничките вредности, втемелени во културата на групацијата Триглав: безбедност, одговорност, стручност, едноставност и современост.

Главните стратешки активности на Групацијата се осигурувањето и управувањето со средства. На крајот на стратешкиот период Групацијата ќе биде водечки понудувач на иновативни и сеопфатни производи во доменот на осигурителните и услугите за управување со средства на постојните пазари во регионот на ЈИ Европа.

Работење, прилагодено на потребите на клиентите, во правец на дигитализација, застапеност во сите продажни канали и нудење на асистентски услуги

Во центарот на сите активности на Групацијата се клиентите, кон кои Триглав ќе се однесува индивидуално, следејќи го нивниот севкупен кориснички развој. Групациските процеси, кои што стануваат сѐ повеќе дигитализирани, ќе бидат прилагодени на клиентите и нивните променливи навики, како дополнување на развојот на иновативни продукти и услуги, кои што ќе се креираат со цел да бидат едноставни и лесно достапни преку сите продажни канали, вклучувајќи ги како традиционалните, така и дигиталните пристапи. И понатаму ќе продолжиме да нудиме асистентски услуги, како додадена вредност на осигурителните производи.

Во поглед на управување со средства, стратешка цел на Групацијата ќе биде зголемување на обемот на средствата кои што се управуваат, или пак уделот во управувани средства за одреден клиент.

Успешно и профитабилно работење, преку јакнење на конкурентните предности

Финансиски стабилното работење на групацијата Триглав ќе биде профитабилно и насочено кон зголемување на вредноста на групацијата. Долгорочно гледано, основната осигурителна дејност ќе биде профитабилна, додека пак целниот просечен комбиниран коефициент во неживотно осигурување ќе изнесува приближно 95%. Во 2020-та година профитабилноста на капиталот (ROЕ) на Групацијата ќе надмине 10%. Групацијата ќе обезбеди ефикасно и севкупно управување со ризиците, трошковна ефикасност, финасиска стабилност и адекватност на капиталот, сѐ со цел да се одржи постојниот “A” кредитен рејтинг на групацијата. Од друга страна, критериумите на дивидендната политика и насоките за управувањето со капиталот ќе останат непроменети.

Во своето работење Групацијата ќе ги користи и подобрува своите конкурентни предности. Тие се темелат на силниот и доверлив бренд, големото портфолио на корисници на производите и услугите, развиените продажни канали, широката палета на квалитетни производи и услуги, како и брзото решавање на штети. Дополнително, Групацијата се одвојува од своите конкуренти и по својот однос кон пазарот, бидејќи нејзиниот долгорочен фокус на пазарите во регионот наметнува потреба од активно и одговорно инвестирање во тие пазари и во нејзините односи со акционерите.

Групацијата Триглав во регионот и пошироко

Групацијата ќе продолжи да работи во шест држави во ЈИ Европа, каде ќе се развива органски, сепак, доколку се појават соодветни можности, не се исклучени евентуални превземања. Во регионот каде што Групацијата работи се очекува долгорочен забрзан раст на осигурителните пазари, што ќе резултира со повисок удел во вкупната полисирана премија на пазарите надвор од Словенија. Групацијата ќе продолжи да ги развива пазарите во регионот, инвестирајќи првенствено во осигурителните сегменти во кои што се очекува највисока стапка на раст (осигурување на живот, здравствено и пензиско осигурување). Ќе развива дигитални бизнис модели, кои што ќе ѝ овозможат пристап до пазари надвор од постоечкиот регион. Ќе гради стратешки партнерства со компании, чии активности се комплементарни со бизнис моделот на групацијата Триглав.

Оптимална организациска структура

Групацијата Триглав воведува флексибилна организациска структура, која што гарантира ефикасна рамнотежа помеѓу стабилноста и динамиката на организацијата, а притоа се намалуваат стратешките и другите ризици. На ниво на Групацијата и во иднина ќе се користи синергија и ќе се оптимизираат трошоците на работење, а воедно ќе се воведува целосен иновативен систем во организацијата.

„Во стратешкиот период што следи влегуваме амбициозно и со јасни цели. Се гледаме како современа дигитална осигурителна и финансиска групација, со водечко место во регионот, познати по бројните конкурентни предности. Овие предности уште повеќе ќе ги зајакнеме. При тоа целиме нашето работење да остане финансиски стабилно и профитабилно, а при тоа нашиот развој да биде насочен кон одржливост и одговорност кон нашите сопственици, вработени, локалната заедница и пошироко, кон опкружувањето. Во 2017 година активно ќе спроведуваме проекти, со цел да ги оствариме нашите стратешки насоки и цели”, изјави Андреј Слапар, претседател на Управата на Заваровалница Триглав.

Деловен план за 2017 година

Во 2017 година работењето на Групацијата и понатаму ќе биде финансиски стабилно и профитабилно. Бруто деловната добивка е планирано да изнесува помеѓу 70 и 80 милиони евра. Ќе се зачува финансиската стабилност и адекватноста на капиталот, што е во согласност со важечката политика за дивиденди и основа за исплата на дивиденди за 2016 година.

Според очекувањата, Триглав ќе работи во тешки пазарни услови во доменот на осигурувањето, како и во ситуација на ниски, па дури и негативни каматни стапки на финансиските пазари. Групацијата во 2017 година планира околку 930 милиони евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување (за 2016 година планот е приближно 900 милиони евра), а се очекува сличен тренд во доменот на штети како и претходните години, како и ниска добивка од инвестициите поради влијанието на ниските каматни стапки. Во поглед на инвестициите, групациската инвестициска политика ќе има како приоритет обезбедување сигурност и ликвидност. Комбинираниот коефициент на Групацијата Триглав се планира да изнесува околу 95%. Во согласност со стратешките насоки, Групацијата ќе ја зајакне и ќе ја консолидира својата положба на постоечките осигурителни пазари. /крај/мф/би



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Објавено пред

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.

dobivaj vesti na viber

Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.

Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:

Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова

Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Економија

Нов репер во компактната класа: претставен целосно новиот Audi Q3

Објавено пред

· Претставен новиот Audi Q3 во својата најдобра форма: динамични и моќни пропорции на SUV избалансирани со пространа внатрешност.

dobivaj vesti na viber

· Ефикасност, динамика на возење и удобност: нов систем на амортизери, моќна хибридна технологија и ефикасни мотори.

· Дигитален придружник за секој ден: помош при возење и технологија за осветлување и иновативен концепт за контрола за уште поголема удобност.

Audi Q3 е добро воспоставен бестселер во премиум компактниот сегмент повеќе од десет години. Новата, трета генерација поставува нови стандарди во неколку аспекти. Надворешноста на модерниот SUV буди самодоверба и емоции. Бројни иновативни карактеристики го претвораат Audi Q3 во дигитален придружник. Тие обезбедуваат првокласно корисничко искуство и исто така обезбедуваат поголема удобност и безбедност за возачот и другите учесници во сообраќајот благодарение на многуте системи за помош. Во прилог на добро избалансираната шасија, дигитализацијата на светлата исто така ги зголемува придобивките за клиентите. Висок степен на персонализација и адаптивни светлосни функции со висока резолуција се овозможени со новата микро-LED технологија во дигиталните Matrix LED фарови. Друга карактеристика на новиот Audi Q3 е ефикасноста, делумно електрифициран мотор со внатрешно согорување со блага хибридна технологија и хибриден модел со електричен опсег до 119 километри.

Гернот Делнер, извршен директор на AUDI AG изјави: “Со вкупно повеќе од два милиони возила продадени ширум светот од лансирањето на првата генерација, Audi Q3 е еден од нашите најдобро продавани модели и има висок статус во нашето портфолио на производи. Со третата генерација на Audi Q3, ние обновуваме важна семејство на модели како дел од нашата иницијатива за производи и го зајакнуваме нашиот опсег со моќен хибрид со приклучување и ефикасни мотори со внатрешно согорување. Новиот модел комбинира ефикасност, динамика на возење и удобност. Во прилог на ефикасните и делумно електрифицирани мотори со внатрешно согорување, Audi Q3 нуди нова адаптивна амортизација која овозможува баланс помеѓу удобност и динамика. Џефри Буко, член на Управниот одбор за технички развој на AUDI AG, додава: “Со ентериерот на Audi Q3, ние ја пренесуваме дигиталната сцена од целосна во компактна класа. Иновативниот оперативен концепт и бројните системи за помош ја зголемуваат безбедноста и удобноста и го прават Audi Q3 идеален дигитален придружник за секојдневниот живот.

Во споредба со својот претходник, новиот Audi Q3 има уште поемоционален дизајн. Широката Singleframe предна решетка и елегантните конусни фарови се целосно интегрирани во аеродинамичниот концепт. Гледано од страна, хоризонталната линија помеѓу фаровите и задните светла визуелно го дели автомобилот на два дела, создавајќи специјална дистрибуција на светлина и сенка.

Задниот дел е украсен со опционални дигитални OLED задни светла, надополнети со континуирана LED светлосна лента и осветлени прстени. Ова ниво на технологија за осветлување понудено во новиот Audi Q3 е достапно за прв пат во компактниот сегмент од Audi.

Предниот дел на компактниот SUV има дигитални Matrix LED фарови кои користат микро-LED модул за прв пат во Audi Q3. Употребата на оваа микро-LED технологија значително го подобрува осветлувањето и на тој начин обезбедува силен контраст на патот. Функциите за насочување на светлината сега се многу потесно поврзани со функциите за помош на возачот. Дигиталните дневни светла со LED технологија, кои се состојат од 23 сегменти од секоја страна, создаваат карактеристични светлосни потписи кои го прават возилото лесно препознатливо на патот.

Во ентериерот, новата контролна единица на воланот значи повеќе простор за складирање на централната конзола, ново корисничко искуство и подобро чувство за простор. Управувачката единица на воланот за прв пат интегрира две нови рачки на воланот. Рачката од десната страна служи како селектор на брзината, додека левата како контролен елемент за функциите на светлината и метличките на ветробранско стакло. Исто така, за прв пат во компактниот сегмент на Audi, можно е да се нарача акустично стакло за предните странични стакла, што ја прави подобра внатрешната акустика, особено при големи брзини. Волуменот на багажникот од 488 литри исто така ја демонстрира практичноста на Audi Q3. Со склопената клупа на седиштето, просторот за складирање на Audi Q3 се зголемува до 1.386 литри. Седиштето може да се поместува по должина, а нејзиниот агол може да се прилагоди. Автомобилот има капацитет за влечење до 2.100 килограми.

Почетниот модел во фамилијата на Audi Q3 е Audi Q3 SUV TFSI 110 kW, четирицилиндричен бензински мотор со блага хибридна технологија. Audi Q3 SUV TDI 110 kW е особено погоден за возење на долги растојанија. Audi Q3 SUV e-hybrid 200 kW може да полни до 50 kW со еднонасочна струја во идеални услови и е помоќен и ефикасен од било кога. За таа цел е инсталирана високонапонска батерија со бруто капацитет од 25,7 kWh (нето 19,7 kWh). Оваа батерија овозможува електричен опсег до 119 километри.

Дополнително развиената стандардна амортизација обезбедува подобрено искуство при возење. Спортската амортизација и амортизацијата со контрола на амортизерите со два вентила се достапни како опции за оптимално избалансирано возење. Еден од најдобрите моменти за помош при возење е адаптивниот асистент за возење Plus. За уште поголема безбедност на патот, внатрешната камера го следи возачот за знаци на поспаност и недостаток на концентрација. Напредниот систем за паркирање им овозможува на клиентите да го научат Audi Q3 на индивидуални маневри за паркирање, а новата помош за возење на назад сигурно ќе помогне при излегување од непрегледни простори.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на компаниите е загрижувачки ниска, време е за реформи

Објавено пред

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании. Ова се дел од клучните наоди од истражувањето презентирано во рамки на националната конференција: „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, што се одржа по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето, кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, покажува загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, што укажува на тоа дека фирмите во земјава стануваат сѐ помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Дополнително, компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните компании се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.

„Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија“, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.

На конференцијата ОРМ презентираше и сет од конкретни препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии; зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство; реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови; ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош; и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.

„ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите“, најави Трајкоска.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ д-р Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика доц. д-р Дејан Станков.

Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации....

Македонија13 часа

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица е под контрола

Големиот пожар кој избувна попладнево во близина на Струмица меѓу Градските гробишта и селото Баница и зафати огромна површина и...

Македонија15 часа

Анегелов: Пожарот на Готен не може да загрози ниту едно село

На територијата на целата земја денеска има шест активни пожари, а најтешкиот и најспецифичен е пожарот на планината Готен, на...

Свет15 часа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа

Најмалку 25 лица загинаа во текот на ноќта во нови напади на израелската армија врз Појасот Газа, во време кога...

Македонија17 часа

За да помине граница преку ред, на полицајците од ФРОНТЕКС им кажал дека е дипломат, а на нашите полицајци им рекол дека им е колега, уапсени двајца скопјани на Табановце

Вчера на Граничниот премин „Табановце“, на влез во државата, полицијата ги упаси С.С. (59) и Б.А. (55), двајцата од Скопје...

Македонија19 часа

Овој ден буди тага, но ќе се памети и по човечноста и хуманоста, Град Скопје оддаде почит на жертвите од земјотресот

Делегација на Град Скопје предводена од градоначалничката Данела Арсовска, оддаде почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години...

Uncategorized20 часа

Го онесвестиле удирајќи го со клешти оти се сомневале дека им краде лубеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Македонија23 часа

62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје во кој животот го загубија 1.070 лица

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го...

Македонија1 ден

Надлежните се борат со 11 активни пожари: Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Штип

Според најновите информации, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор. Од нив, 11 се сѐ...

Македонија1 ден

(Видео) Грета Тунберг по Тетово стигна во Скопје, ќе дискутира за империјализмот и ќе протестира за спас на Дошница

Еко-активистката Грета Тунберг преку видео-обраќање на Инстаграм соопшти дека се наоѓа во Скопје и дека ќе учествува на неколку настани...

Македонија2 дена

Се’ уште се трага по девојчето кое го одвлече Вардар – 29-годишната соселанка се обидувaла да го извлече од водата

Прпиадници на полицијата, армијата, нуркачи, кајакари се во интензивна потрага по 16-годишното девојче од селото Уланици, Градско, кое вчера беше...

Топ2 дена

Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба. Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се...

Македонија2 дена

Со 130 илјади евра ќе се спасува инвестицијата на Калето од 4,6 милиони евра: од 2026 музеите ќе бидат пуштени во употреба

Стотина сезонски работници од општините Кисела Вода, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Гази Баба утрово ја искосија тревата и ги...

Топ2 дена

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано...

Македонија2 дена

Коцевски ги отфрла наводите во интерпелацијата: Функцијата ја вршам чесно и одговорно

Функцијата ја вршам чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, одговори јавниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија2 дена

Претседателката на антикорупциската, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес до...

Македонија2 дена

Продолжува пoтрагата по 16-годишното девојче, кое потона во реката Вардар

Центарот за управување со кризи извести дека од рано изутрината на самото место се ангажирани припадници на МВР, специјалната единица...

Македонија2 дена

(Фото) Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Царинските службеници на граничните премини и мобилните царински тимови при Секторот за контрола и истраги во текот на изминатите денови...

Македонија2 дена

Арсовска до Меџити: Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари ниеден новинар да не ти постави прашање

„Тоа е таа насмевка кога успеваш за криминал и за перење 225 милиони евра црни пари преку дивоградби ниеден новинар...