Европа
Потрагата по алтернативен Јужен тек со побрза реализација на постојните проекти

Седумте земји членки на Европската унија се согласија во вторникот навечер дека треба со побрза реализација на постојните енергетски проекти, вклучително и терминалите за течен природен гас (LNG), да се бара алтернативата за гасоводот Јужен тек од чиешто градење Русија неодамна се откажа обвинувајќи го Брисел за опструкција на проектот кој до источна и централна Европа требаше да го транспортира рускиот гас заобиколувајќи ја Украина.
Седумте земји членки на Европската унија се согласија во вторникот навечер дека треба со побрза реализација на постојните енергетски проекти, вклучително и терминалите за течен природен гас (LNG), да се бара алтернативата за гасоводот Јужен тек од чиешто градење Русија неодамна се откажа обвинувајќи го Брисел за опструкција на проектот кој до источна и централна Европа требаше да го транспортира рускиот гас заобиколувајќи ја Украина.
Претставниците на Австрија, Бугарија, Грција, Италија, Романија, Словенија и Хрватска, се состанаа во вторникот на работен ручек по потпретседателот на Европската комисија за енергетската унија, од кого побараа да стапи во контакт со Русија и да ја разјасни ситуацијата со натамошната судбина на гасоводот Јужен тек.
Рускиот претседател Владимир Путин на 1-ви декември, при посетата на турската престолнина Анкара по средбата со својот домаќин турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави дека Москва се откажува од проектот Јужен тек. Веднаш потоа беа потпишани договори со Турција за изградба на гасовод по дното на Јужно Море, кој ќе излегува на турско копно, наместо претходно планираното во Бугарија.
Веќе истиот ден „Газпром“ и турската компанија „Ботас“ потпишаа меморандум за разбирање за изградба на гасовод преку Црното Море со капацитет од 63 милијарди кубни гас годишно, исто како и Јужен тек. Од ова количество, 14 милијарди кубни метри гас ќе бидат наменети за Турција, којашто најверојатно добива и повластена цена, а другите 49 милијарди кубни метри руски гас ќе бидат пренасочени кон гасниот центар на границата меѓу Турција и Грција.
Путин оваа одлука ја објави, како што рече, поради опструкциите и „неконструктивната позиција“ за негово градење од страна на Европската унија. Овој гасовод требаше, исто така, по дното на Црното Море да ја заобиколи Украина, и да излезе на копното во Бугарија, да минува низ Србија, Унгарија и Словенија до Австрија и Италија. Меѓутоа, Ниедна од овие заинтересирани земји досега не е официјално известена за престанок на проектот.
Споменатите земји во заедничката изјава се заземаа за подобра интеграција на европските гасни пазари и за поголема диверзификација на правците за снабдување, снабдувачите и изворите.
За да се постигне тоа, овие членки на ЕУ бараат силно спроведување на најважните регионални проекти, LNG терминали. Се планира, исто така, си спојување на Јужниот коридор и на Јадранско-јонскиот гасовод.
Договорено е во вторникот во Брисел да биде формирана работна група на високо ниво, во која ќе бидат претставници на споменатите земји и којашто ќе ги координира напорите на развивање и спроведување на прекуграничните проекти, кои овозможуваат енергетска диверзификација во таа област. Таа работна група ќе направи акциски план за интегрирање на гасните пазари и интерконекција во средна и југоисточна Европа.
Акцискиот план би требало да биде прифатен во февруари или март 2015 година, на следниот министерски состанок.
На состанокот во Брисел присуствуваше и претставникот на Унгарија, кој меѓутоа не ја потпишал заедничката изјава со образложение дека за тоа нема мандат.
Истовремено, унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во вторникот во словачката престолнина Братислава дека недостигот од гасовод југ-север, кој би го поврзал планираниот LNG на хрватскиот остров Крк со оној во Балтичкото Море, е стратешка грешка на Европската унија и дека тој проект би требало да биде дел од инвестицискиот лан на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, со кој има намера да привлече 3.15 милијарди евра приватни вложувања во разни инфраструктурни и другипроекти кои можат да го поттикнат економскиот раст во ЕУ./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Терминал на лондонскиот Хитроу евакуиран поради „опасни материјали“

Терминалот 4 на аеродромот Хитроу беше евакуиран вечерва по инцидентот што пожарникарите првично го опишаа како „можен инцидент со опасни материјали“. По неколкучасовна интервенција на полицијата, пожарникарите и службите за итни случаи, терминалот беше прогласен за безбеден и повторно отворен.
Инцидентот беше пријавен околу 17 часот по локално време, а единици од Фелтам, Хитроу, Вембли и околните противпожарни станици беа испратени на местото на настанот. Патниците беа евакуирани од салата за пријавување на летот на растојание од околу 150 метри од зградата, а сведоци раскажаа како тимови во заштитни одела пристигнале на местото на настанот и биле поставени паравани за заштита на приватноста.
Еден патник, Пол Скот, изјави за Скај њуз дека штотуку се пријавил кога започнала евакуацијата. „Атмосферата беше мирна, но сите бевме збунети бидејќи никој не знаеше што се случува. На луѓето им беа дадени алуминиумски ќебиња бидејќи стануваше ладно“, рече тој.
Лондонската служба за брза помош потврди дека на местото на настанот била укажана лекарска помош на околу 20 лица поради пријавени здравствени проблеми. Сепак, Метрополитен полицијата соопшти дека „не е пронајдена никаква трага од штетна супстанца“.
„Вкупно 20 лица пријавија здравствени проблеми, но ниту една од повредите не е опасна по живот, ниту има трајни последици. Истрагата е во тек“, соопшти полицијата.
Аеродромот Хитроу потврди околу 18:40 часот дека салата за пријавување во Терминал 4 е затворена, а кратко по 20 часот терминалот е прогласен за безбеден и повторно отворен.
„Многу ни е жал за предизвиканиот прекин, безбедноста на патниците и персоналот е секогаш наш врвен приоритет. Правиме сè што можеме за да осигуриме дека вечервашните летови ќе полетаат според планот“, соопшти аеродромот, додавајќи дека другите терминали не биле погодени за време на инцидентот.
фото: принтскрин
Европа
Ќе се обидеме сами да произведеме патнички авион со широк труп, велат Русите

Русија планира да развие сопствен патнички авион со широк труп, бидејќи плановите за заедничко производство со Кина сè уште не се спроведени, изјави шефот на Ростек, Сергеј Чемезов.
„Кинезите одлучија дека засега ќе го произведуваат сами. Ќе се обидеме и ние да произведуваме наш сопствен авион. Откако ќе го произведеме моторот PD-35, ќе изградиме наш сопствен авион со широк труп“, им рече Чемезов на новинарите во Самара.
Русија и Кина разговараа за заедничкиот развој на руско-кинескиот широкотрупен патнички авион CR929 и во 2014 година потпишаа договор за соработка. Основана е Кинеско-руската меѓународна корпорација за комерцијални авиони (CRAIC), која стана главен оператор на проектот.
Комерцијалните испораки требаше да започнат по 2025 година, но пандемијата на Ковид ги принуди партнерите да го одложат рокот за 2028 или 2029 година. Нова пречка беа западните санкции врз Русија, кои го променија форматот на соработка. Кина го презеде проектот, а Русија стана договорен производител само на одредени делови од авионот.
„Го променивме форматот на учество во проектот, па затоа се потребни соодветни промени и во меѓувладините документи. Со други зборови, приближно како во проектот за хеликоптери, односот ги вклучува клиентот и подизведувачот“, објасни првиот вицепремиер на Русија Денис Мантуров пред новинарите во мај 2024 година.
фото: принтскрин
Европа
Ердоган сака да ја замолчи опозицијата: демонстрантите се судрија со полицијата, фрлен е солзавец

Турската полиција се судри со поддржувачите на турската опозициска партија пред седиштето на Републиканската народна партија (ЦХП) денеска, користејќи солзавец за комесарот, назначен од судот, да може да влезе во зградата.
Властите го блокираа пристапот до канцеларијата на партијата во неделата вечерта откако десетици пратеници и членови на ЦХП се забарикадираа таму за да го спречат комесарот да ја преземе контролата со своите соработници.
Судот минатата недела пресуди да го отстрани раководството на партијата во Истанбул поради наводни нерегуларности на конгресот на партијата во 2023 година.
Поранешниот пратеник на ЦХП, Ѓурсел Текин, официјално ја презеде контролата врз партискиот огранок попладнето. Текин, кој се судри со лидерот на ЦХП, Озгур Озел, ја бранеше пресудата, нарекувајќи ја непристрасна и дека „не е дел од проблемот“.
ЦХП ја обвинува владата на претседателот Таип Ердоган за организирање политичка кампања против нив. Озел го замени долгогодишниот лидер на партијата, Кемал Киличдароглу, пред две години и ја предводеше партијата до неочекувана победа на локалните избори минатата година, обезбедувајќи контрола врз поголемиот дел од градските совети во земјата.
Оттогаш неколку градоначалници од опозицијата се уапсени под обвинение за корупција, вклучувајќи го и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, клучен ривал на Ердоган.
Озел би можел да биде отстранет со судска наредба на 15 септември. Владата негира дека врши притисок врз судството.
фото: принтскрин