Скопје
Општина Кисела Вода ја одбележа 165 годишнината од смртта на Шопен
Со положување свежо цвеќе пред споменикот на Фредерик Шопен и голем концерт на триото ВивАрт, во петок општина Кисела Вода ја одбележа 165 годишнината од смртта на овој голем музичар.
На настанот на кој присуствуваа градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ и амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски, на сцена беа донесени Шопеновите најпопуларни полонези и мазурки кои се запишани во историјата на светска музика.
Бројната публика имаше можност да ужива во едночасовната изведба на триото Виварт, во состав Билјана Петровска (пијано), Милена Тодороска (виолина) и Петар Колевски (кларинет), кое преку својот карактеристичен звук, тонска боја и посебните аранжмани дадоа свој печат во пренесувањето на музичката мисла на овој светски великан со полско потекло.
Општина Кисела Вода четврта година по ред организира вакво свечено чествување на Фредерик Шопен. Имено, ова е единствената општина во Република Македонија, во која една улица е именувана по овој светски музичар, а во 2010, беше отворен и паркот Шопен во кој се одвиваше денешниот настан.
Добрата соработка ќе продолжи и понатаму, беше заклучокот на градоначалникот на општина Кисела Вода, Беличанец Алексиќ и на амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Мултановски, кои по завршувањето на концертот, продолжија со и разговор во Кабинетот на градоначалникот. Таму, беа изнесени повеќе конкретни идеи за заеднички проекти, во насока на продлабочување на соработката меѓу полската држава и општина Кисела Вода. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

