Регион
Николиќ и покрај ‘советот’ на Кукан оди на парадата во Москва
– Кукан и Николиќ
Советот од шефот на делегацијата на Европскиот парламент Едуард Кукан за претседателот на Србија Томислав Николиќ да не присуствува на традиционалната воена парада во руската престолнина Москва на 9-ти мај на Денот на победата, српскиот челник го отфрли велејќи дека е „непристојно да се даваат совети на некој кој ниту барал совет“, и дека ќе ја прифати поканата од рускиот претседател Владимир Путин и ќе присуствува на парадата.
Советот од шефот на делегацијата на Европскиот парламент Едуард Кукан за претседателот на Србија Томислав Николиќ да не присуствува на традиционалната воена парада во руската престолнина Москва на 9-ти мај на Денот на победата, српскиот челник го отфрли велејќи дека е „непристојно да се даваат совети на некој кој ниту барал совет“, и дека ќе ја прифати поканата од рускиот претседател Владимир Путин и ќе присуствува на парадата.
„Господинот Кукан попусто врши притисок врз претседателот на Република Србија да донесе одлука која не е во интерес на граѓаните на Србија. А мислењето на големото мнозинство граѓани е дека Србија треба да ги негува најдобрите односи со сите, па и со Руската Федерација“, соопштија во петокот од кабинетот на српскиот претседател Томислав Николиќ.
На ова соопштение му претходеше сугестијата на шефот на делегацијата на Европскиот парламент Едуард Кукан која ја објавија белградските медиуми, дека е „многу важно“ што српскиот претседател ќе прави во Москва.
„Доколку претседателот на Србија во текот на посетата на Русија, како и и другите западни шефови на држави само го посети споменикот на војниците загинати во Втората свеска војна, никој нема да го обвини. Тако тие денови ќе постапи, на пример, чешкиот претседател Милош Земан и германската канцеларка Ангела Меркел. Затоа многу е важно што вашиот претседател ќе прави во Москва, дали ќе оди на парадата или не“, го цитираа медиумите предупредувањето на Кукан дадено во текот на неговата дводневна посета на Белград.
На тоа следеше реакцијата на српскиот претседател во кое се нагласува дека Николиќ без дилеми го застапува „мислењето на мнозинството граѓани“дека „Србија треба да ги негува најдобрите односи со сите, па и со Руската Федерација“. „Претседателот Николиќ недвосмислено го застапува мислењето на мнозинството граѓани на Србија и никој нема да успее да го промени, па ниту господинот Кукан“, соопштија од кабинетот.
Белградскиот дневен весник Блиц пишуваше во петокот дека амбасадата на Руската Федерација во Србија потврдила дека Николиќ ја прифатил поканата на Путин да присуствува на традиционалната воена парада во Москва на 9-ти мај со којашто се одбележува Денот на победата над фашистичка Германија во Втората светска војна. Во текот на дводневната посета на Србија, Кукан изразил загриженоста и поради заедничките воени вежби на војските на Србија и Русија, коишто се најавени за септември годинава, пишува уште весникот.
„За тоа вчера разговарав со премиерот Александар Вучиќ и со другите функционери. Тие нé уверуваа, па дури тоа им го кажуваат и на Русите, дека Европската унија е приорите на оваа влада на Србија“, рече Кукан.
Кукан изјави и дека Европскиот парламент го поддржува отворањето на преговарачките поглавја со Србија оваа година. „Главната порака којашто ја носам во Брисел е дека Србија е на вистинскиот пат кон интегрирањето во ЕУ. Јасно е видлив напредокот кој го остварила. Секако, остануваат да се направат уште многу работи, меѓутоа, таа општа тенденција е најважна, таа е секако позитивна“, рече Кукан за медиумите во српскиот парламент откако им се обрати на пратениците./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

