Контакт

Берзи

Руската интервенција во Сирија ја крена цената на нафтата над 49 долари

Објавено пред

Цената на нафтата се искачи во четвртокот над 49 долари за барел на светските берзи во очекување на зголемени премии за ризик по руската интервенција во Сирија, што ги потисна во втор план новите сигнали за забавување на економскиот раст во Азија и растот на залихите.

dobivaj vesti na viber

На лондонската берза цената на барелот порасна за 97 центи во однос на вчерашното затворање и изнесува 49,34 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 1,10 долари повисока цена, од 46,19 долари.

Русија во средата покрена воздушни напади на позициите на терористичката група Исламска држава во Сирија.

„Руската воена интервенција во судирите во Сирија ги зголеми геополитичките ризици, што ги поттикнува цените“, коментира Карстен Фрич од франкфуртски Commerzbank.

Дополнителна поддршка на цените пружи и јакнењето на ураганот Жоакин, иако не може со сигурност да се тврди дека ќе ги погоди САД.

Трговците со енергенти го следат движењето на ураганот на Атлантикот поради можноста за затворање на платформите во Мексиканскиот залив или, во исклучителен случај, оштетување на инфраструктурата.

Поголем раст на цените сепак ограничија новите сигнали за економско забавување во Азија и преполните американски залихи за нафта. Според најновите податоци, активностите во кинескиот индустриски сектор се намалија во септември, а довербата на производителите во Јапонија се влошила.

„Со оглед на меѓународната напнатост, пазарот вчера реагираше неверојатно мудро и цените не скокнаа за неколку долари. Можеби растот го сопреа американските податоци за залихите“, напоменуваат во извештајот од брокерската куќа PVM. /крај/мф/ап

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Берзи

Доларот нагло падна, еврото зајакна

Објавено пред

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаат дека поради забавувањето на инфлацијата во САД заврши циклусот на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, потона минатата недела за 1,9 отсто, на 103,81 поен, што е најниско ниво од почетокот на септември.

dobivaj vesti na viber

Истовремено, доларот падна за 2,1 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0910 долари. Остриот пад на курсот на доларот уследи по објавувањето во вторникот дека стапката на инфлација во САД се лизна на 3,2 отсто во октомври, од 3,7 отсто во септември.

И низа други извештаи потврдија дека инфлацијата се намалува, што ја поддржа тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика. Од март минатата година, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 5,25 процентни поени за да ја ограничи инфлацијата.

Сепак, на последните две седници челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети, па инвеститорите сметаат дека циклусот на зголемување на цената на парите е завршен, иако од ФЕД велат дека е можно дополнително заострување на монетарната политика.

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. На пазарот на пари се проценува дека првото намалување на каматните стапки на ФЕД би можело да се случи во мај следната година, а до крајот на следната година каматните стапки би можеле да се намалат вкупно за еден процентен поен.

Прикажи повеќе...

Берзи

Светските берзи драстично паѓаат, можно е дополнително зголемување на каматите

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите нагло паднаа минатата недела поради растот на приносите на обврзниците и пораката на претседателот на ФЕД Џером Пауел дека централната банка може дополнително да ги зголеми каматните стапки. На Волстрит, Доу Џонс индексот минатата недела падна за 1,6 отсто, на 33.127 поени, додека S&P 500 се лизна за 2,4 отсто, на 4.224 поени, а индексот Nasdaq се намали за 3,2 отсто, на 12.983 поени.

dobivaj vesti na viber

На берзата негативно влијаеше растот на приносите на американските државни обврзници. Во петокот приносите на 10-годишните обврзници се пробија над нивото од 5 отсто за прв пат по 16 години. Ова може да влијае на каматите на хипотеките и автомобилските заеми, каматите на кредитните картички… Покрај тоа, повисоките приноси на обврзниците ја намалуваат привлечноста на акциите бидејќи на инвеститорите им нудат добри приноси без никаков ризик.

Во такви околности, инвеститорите се повлекуваат од поризични инвестиции, како што се акциите, и бараат засолниште за својот капитал во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња, како што е златото. Како резултат на тоа, цената на унца злато се движи близу највисокото ниво во последните два месеци, околу 1.980 долари.

Поради сето ова, инвеститорите не беа охрабрени ниту од кварталните деловни резултати, иако поголемиот дел од компаниите од индексот S&P 500, кои досега објавуваа извештаи, остварија поголема заработка од очекуваната.

И на европските берзи цените на акциите драстично паднаа минатата недела. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 2,6 отсто, на 7.402 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,5 отсто, на 14.798 поени, а париски CAC 2,7 отсто, на 6.816 поени.

Прикажи повеќе...

Берзи

Колапсот на моќната американска банка ги потресе светските берзи

Објавено пред

Минатата недела на светските берзи е забележан голем пад на цените на акциите, бидејќи поради високата инфлација централните банки ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

dobivaj vesti na viber

Волстрит беше потресен и од колапсот на банката во Силиконската долина (SVB).

На Волстрит, акциите на Dow Jones паднаа за 4,4 отсто минатата недела, на 31.909 поени, додека S&P 500 „потона“ за 4,6 отсто, на 3.861 поен, а индексот Nasdaq за 4,7 отсто, на 11.138 поени.

Во февруари овие индекси значително пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека американската централна банка наскоро ќе престане да ги зголемува каматните стапки и дека конечната каматна стапка, која ќе го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика, ќе остане под нивото од пет проценти. Но, последниве недели индексите изгубија најголем дел од тие добивки бидејќи се појасно е дека ова сценарио нема да се оствари.

Серијата неодамнешни податоци покажуваат дека побарувачката на пазарот на трудот е сè уште силна, па може да се очекува раст на платите и трошоците, што значи дека американската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки. Претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, оваа недела изјави дека централната банка е подготвена да преземе повеќе чекори доколку идните економски податоци покажат дека се потребни построги мерки за ограничување на инфлацијата.

Ова предизвика страв кај инвеститорите дека централната банка ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивни 0,50 процентни поени на мартовската сесија, додека неодамна се очекуваше зголемување од 0,25 поени. Затоа сега на пазарот на пари се проценува дека до септември каматните стапки ќе бидат зголемени во интервал од 5,50 до 5,75 отсто, додека сега каматните стапки се движат меѓу 4,50 и 4,75 отсто.

Негативно влијание на Волстрит имаше и колапсот на банката на Силиконската долина (SVB), најголемиот банкрот на американска банка од финансиската криза во 2008 година. Таа банка, која со години го финансираше технолошкиот сектор, беше под притисок бидејќи многу стартап компании почнаа да повлекуваат депозити. За да го собере капиталот, банката прво неодамна продаде постоечки обврзници, но со голема загуба, а потоа во средата објави план за продажба на нови акции за да собере 2,25 милијарди долари свеж капитал.

Но, тоа предизвика паника кај граѓаните и претприемачите, кои само во четвртокот повлекоа 42 милијарди долари депозити од банката, па банката денот го заврши со негативно готовинско салдо од речиси милијарда долари. Како резултат на тоа, регулаторот ја затвори банката во петокот и ја презеде контролата врз преостанатите депозити. И на европските берзи цените на акциите паднаа минатата недела.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Македонија10 часа

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија11 часа

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија12 часа

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ13 часа

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија15 часа

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...

Македонија15 часа

Меџити: Три-четворица пратеници од „Европскиот фронт“ ќе бидат дел од новото мнозинство

Првиот човек на Демократското движење – партијата што е дел од коалицијата „Влен“, Изет Меџити, во интервју за „А2 Си-ен-ен“...

Македонија16 часа

Денес избор за претседател на Уставниот суд, ќе се знае кој ќе ја наследи Кацарска

Денеска во 10 часот е закажанa седница за избор за претседател на Уставниот суд. Според член 7 од Деловникот, Уставниот...

Свет16 часа

Лавров: САД и НАТО сакаат да ни кажат дека нема да запрат пред ништо, нашиот потег ќе ги вразуми

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, ја цитира агенцијата РИА изјавата на...

Македонија16 часа

Османи во Прага на неформален НАТО-министерски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Прага каде ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос

Тринаесетти ден не работат операционите сали на Хирургија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Скопје18 часа

Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска поради изведување на два водоводни приклучоци ф-80мм на улиците Мирче Оровчанец 15...

Македонија1 ден

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика, ВМРО-ДПМНЕ да не се однесува како на изборна кампања“, реагира Лога

„Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е...

Македонија1 ден

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата. Жената која чувствуваше исполнетост во спроведувањето политички нарачки преку драконски...

Македонија1 ден

ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието

„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот...

Македонија1 ден

Општина Карпош: Не користите ги услугите на лунапаркот, кој е монтиран без безбедносните сертификати, а нема ни одобрение за работа

Општина Карпош објави дека за разлика од другите надлежни институции, иако има минимални надлежности, води постапка против дивопоставениот лунапарк кај...

Македонија1 ден

Ахмети: Неприфатливо е коалицијата што освоила помал број мандати да стане дел од владата

Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој во име на „Европскиот фронт“ ги обвини албанските политички субјекти, кои...

Македонија1 ден

Успеавме да го надминеме секој тест на издржливост, рече Кацарска на крајот од мандатот

Со непоколеблива посветеност и истрајност го зачувавме достоинството на Уставниот суд. Успеавме да го надминеме секој тест на изджливост и...

Македонија1 ден

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ2 дена

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...