Политика
Заев ја очекува изјавата на Хан за да одлучи за Брисел
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, не прецизираше во понеделникот дали доколку, како што тој толкуваше, најавената изјава на еврокомесарот Јоханес Хан за наводни нерегуларности во изборните процеси во Македонија не се случи денеска, ќе оди во Брисел во среда или не.
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, не прецизираше во понеделникот дали доколку, како што тој толкуваше, најавената изјава на еврокомесарот Јоханес Хан за наводни нерегуларности во изборните процеси во Македонија не се случи денеска, ќе оди во Брисел во среда или не.
„Овие луѓе зад мене, голем дел ако не и сите вие, толку многу веруваме во европски стандарди, за нас се светост. Не знам што значат за некои земји во Унијата, но за нас се светост…. Да оставиме денот денеска ни до пола не е поминат. Да почекаме. Согласно тоа нашите ставови секогаш правовремено сме ги соопштувале. Го видовте нашиот чекор правовремен, согласно првата реакција на комесарот Хан, го видовте и вториот чекор. Апсолутно сме демократи, работиме во интерес на државата и нема нешто што може да нé стави во тајност, кога го водиме проектот ‘Вистината за Македонија’“, рече Заев и најави дека до крајот на денот ќе се знае ставот на СДСМ.
Претходно, по целодневните преговори во Скопје, меѓу лидерите на најголемите македоснки и албански партии на власт и во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, во присуство на еврокомесарот Јоханес Хан, евроамбасадорот и амбасадорот на САД, беше договорена средба за среда во ист состав во Брисел, каде ќе се прецизираат деталите што треба да се направи во следниот период за да се организираат договорените предвремени парламентарни избори до крајот на април в година.
Но, во Вашингтон еврокомесарот Хан даде изјава во којашто рече дека според оцените на ОБСЕ, изборите во Македонија биле генерално позитивни, што на Заев не му се допадна и рече дека не оди во Бриел се додека Хан не ја повлече изјавата.
По телефонски разговор со него, како што тврдат од СДСМ, била наводно најавена сменета изјава од комесарот Хан, којашто првично опозициските социјалдемократите ја најавија за петокот, па потоа за понеделник, која инаку сé уште не се случила.
„За нас е неприфатливо влада да ги организира овие избори, којашто ќе биде предводена од Никола Груевски и точка. Деталите околу сите позитивни аспекти, размислувања и тактики, не е целисходно да бидат соопштени, затоа што и тоа е делот за кој ќе бидат водени разговорите, но едно е јасно, тоа што го очекуваат граѓаните на крајот на изборниот ден рака мора да подадат лутите противници, дали е тоа Заев и Груевски, дали некои други луѓе во делот на помалите партии, опозиционо и во власт поставени, рака мора да се подаде. За да се подаде рака, не може Груевски да биде на чело на таа влада. Мора да имаме амбиент кадешто граѓанинот ќе биде растоварен од каква било закана, манипулација, поткупување кражба, измама, која ја видовме во суштината на разговорите“, рече Заев, во понеделник од „Кампот на слободата“.
Прашан зошто не објавува снимки од разговори кои ги тангираат функционерите на ДУИ, Заев рече дека „не дошле на ред“, но дека тие и да не се вмешани во криминалите на власта, сепак, „гледале и се случувало пред нивни очи“.
Обвини дека од провизиите за автопатите од пет милиони евра, земале и Македонци и Албанци и Турци.
Заев ги повика владините функционери ако се чисти, да излезат од Владата и да го урнат Груевски на тој начин./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Политика
Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ
На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.
„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.
Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.
Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.
Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.
Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.
Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.